Објавено на:

Рама за ценовната криза во Албанија: Мора да се подготвиме секое сценарио

t

Албанскиот премиер, Еди Рама денеска на прес-конференција зборуваше за растот на цените и за ситуацијата во Албанија, погодена од конфликтот во Украина.

Рама рече дека зголемувањето на цената на нафтата не зависи од владата, зашто цените растат насекаде во Европа.

Тој додаде дека Европа е во војна, нагласувајќи дека иако во Албанија не се војува, може да се почувствуваат економските последици.

Рама призна дека ситуацијата со цените и снабдувањето со нафта и енергија е многу тешка и ги повика граѓаните да се подготват за секое сценарио бидејќи земјата е во непозната ситуација, слична на ситуацијата со пандемијата.

Рече и дека треба да се подготват за драматично намалување на снабдувањето со енергија и нафта, иако според премиерот тоа би било најдраматичното сценарио за земјата.

-Мораме да се подготвиме и за ова. Дури и ова може да дојде, иако ова е најдраматичното сценарио бидејќи замената на изворите што ги обезбедува Русија толку многу години е крајно комплицирана, рече Рама.

Најави дека владата ќе подготви план на мерки кој вклучува и можности за заштеда на енергија.

Рама рече дека „обврската да дадеме се од себе за војната да не се прошири воено е неизбежна“.

-Владата ќе направи се за да го заштити нашиот народ. Апсолутно не е филм она што го гледаме на екранот во моментов. Тоа е вистинска војна каква што гледавме во филмовите од Втората светска војна или во страшната година за етничко чистење на Косово. Но, ова е во рамките на мисијата на една воена сила која може слепо да ја ескалира сопствената агресија дури и во границите на НАТО, нагласи Рама.

Додаде дека поскапувањето на електричната енергија се покрива од државниот буџет, за да не се одрази на домашниот пазар, но нагласи дека овој трошок е превисок за државниот буџет.

Според Рама, Албанија е единствената земја во регионот која не ги зголемила цената на електричната енергија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Касами со албанско знаме го пречека таткото…

Градоначалникот на Тетово Билал Касами Денес во…

Спасовски за говорот на претседателката Сиљановска-Давкова: „Не…

Пратеникот од СДСМ и поранешен министер за…

Мециновиќ: Давкова да престане да биде „министер…

Морам да напоменам дека обраќањето не беше…

Мицкоски најави проширување на истрагата за „Државна…

Истрагата за државната „Лотарија“ се проширува. Злоупотребите…

Ватикан: Што значи Светата година 2025?

Теологот од Аугсбург, Јорг Ернести добро се…