Дури сега следува ценовен шок: Бајден официјално забрани увоз на енергија од Русија!

t

САД забрануваат увоз на енергија од Русија во врска со ситуацијата во Украина, изјави американскиот претседател Џо Бајден за време на телевизиско обраќање.


„Тоа е одлука што ја доби поддршката од двете партии во Конгресот и, се надевам, и од целата земја“, посочи тој.

Америка разбира дека сојузниците во Европа не можат да се приклучат на таа забрана, додаде Бајден.


„Разбираме дека многу наши сојузници нема да можат да ни се придружат. „Ние можеме да го направиме тој чекор, додека многумина не можат“, рече Бајден во своето обраќање.
Истовремено, тој предупреди дека цените на бензините во САД ќе продолжат да растат поради санкциите против Русија. Како што истакна, од почетокот на руската воена операција во Украина, цената на бензинот е зголемена за 75 центи по галон.


„Тоа може да се случи. „Но, ќе направам се што е во моја моќ да го минимизирам растот на цените овде, дома, поради постапките на Путин“, рече Бајден.


Бајден додаде дека САД и нивните сојузници продолжуваат да испорачуваат оружје на Украина на дневна основа и ја зголемуваат хуманитарната помош.


„Имавме одбранбена помош за Украина во вредност од над милијарда долари, испораките на оружје од САД пристигнуваат во Украина секој ден, а исто така ја координираме испораката на слично оружје за нашите сојузници од Германија до Финска и Холандија“, рече американскиот лидер.

Тој, исто така, апелираше до Конгресот да одобри пакет помош од 12 милијарди долари за Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија изгубила речиси милион и пол војници…

Русија изгубила околу 1.474.030 војници во Украина…

Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…

Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…

Новак: Поради украинските напади врз рафинериите, Русија…

Русија почна да увезува горива за домашниот…

Федоров: Наскоро ќе можеме да ја гаѓаме…

Украина во следните три до шест месеци…

Киев продира стотици километри во руската територија,…

Украинското Министерство за одбрана соопшти дека украинските…