Објавено на:

Протести во Албанија: Се бара поефтинување на цените на горивата

t

Голем број граѓани присуствуваа на протестот пред Владата во Тирана организан од граѓански активисти и транспортни претпријатија во знак на незадоволство од високите цени на горивата.

Протестот траеше повеќе од два часа, беа блокирани улиците со гаснење на автомобили и со главно барање намалување на цената на горивата.

-Бараме укинување на даноците бидејќи плаќаме 260 лека (122,2 лека =1 евро) за литар нафта. Се додека не се прифати нашето барање секојдневно во 17 часот ќе протестираме пред Владата, беше пораката од протестот, кој мина мирно.

Меѓу учесниците беше и комичарот Флор Бинај кој во рака држеше фотографии на премиерот Еди Рама и лидерот на опозициската Демократска партија, Љуљзим Баша, со напишани нивни изјави со кои иронизира со нив: Јас не сум изгубил ниту едни избори- вели Баша а Рама вели :Јас не сум зголемил ниту еден данок.

Иронизираа и со изјава на министерката за инфраструктура и енергетика Белинда Балку која „ги посоветувала граѓаните да одат пеш или да користат велосипеди”.

Протести имаше и во други градови, со поголемо учество во Драч, каде со автомобили беа блокирани повеќе улици. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Албанија отвора камп за мигранти од Италија

Во Албанија наскоро ќе биде отворен камп…

Ѓурѓај: Исправен терминот „северномакедонци“ во резултатите од…

Народниот правобранител на Албанија одговори на дописот…

Кривични пријави за тројца од Подградец кои…

Албанската полиција поднела кривични пријави против тројца…

Уапсен шеф на Обвинителство во Албанија!

По налог на Специјалното обвинителство против организиран…

Албанија и САД слават 102-годишнина од воспоставување…

Албанија и САД ја слават 102-годишнината од…