После 22 часот ново астрономско зголемување на цените на горивата

t

Регулаторна комисија во текот на целиот ден не ја објавува одлуката за новото зголемување на цените на горивата.

Молкот на регулаторна покрена сомнеж во јавноста дека целта е да се избегне паниката кај граѓаните поради новото големо зголемување на цените, големи редици пред бензиските пумпи, но и недостатоци на гориво.

Сомнежот на граѓаните е во целост основан бидејќи како што дознава Инфомакс новото зголемување на цените на горивата ќе е астрономско и ќе се движи помеѓу 8 и 9 денари.

Регулаторната комисија за енергетика изработи измени на постоечката методологија со која во услови на драматичен пораз или намалување на цените на нафтените деривати на берзите имаме можност да носиме одлука секој ден, односно доколку цената би се зголемила или намалила за повеќе од 2 денара , во тој случај РКЕ може да носи одлука и по моето гостување тука, ќе одржиме седница на која ќе ги разгледаме анализите кои што се направени и ќе ја информираме јавноста, изјави во вечерашното гостување на „Топ Тема“, директорот на регулаторната комисија, Марко Бислимовски.

Инфомакс дознава дека некаде околу 22 часот Регулаторна ќе ја соопшти новата цена, која ќе доведе до нови поскапувања на горивата.

Попладнево Владата денеска донесе пакет од 26 мерки и препораки за ублажување на последиците од економската криза. Меѓу мерките премиерот Димитар Ковачевски најави намалување на давачките за горивата кон државата, односно намалување на акцизата и ДДВ-то кои требаа да ги намалат цените на горивата за околу 10 денари, но со ова темпо на раст на цените намалување на давачките кон државата потенцијално би било анулирано уште вечерва.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Огнот кај Арнакија се шири на…

Пожарот кој избувна кај Арнакија се шири…

Тројца Македонци загинаа во тешка сообраќајка во…

Тројца македонски државјани загинаа, а уште две…

Генералниот секретар на ОН изрази солидарност со…

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, денес…

Додик: Ратко Младиќ е убиен

Милорад Додик реагираше на смртта на Ратко…

(Фото) Пожар кај Арнакија

Пожар избувна кај Арнакија. На терен може…