(Видео) Пренџов: Дали на некого му е гајле за 6000 семејства што децении се влечат по судови – На кого му пречи Македонија да биде правна држава?

t

Пратеникот на ГРОМ, Љупчо Пренџов, денес од собраниската говорница го коментираше извештајот за работата на судскиот совет за 2020 година, при што пратеникот изнесе низа забелешки и бројки според кои тој потенцира дека имаме неажурно судство.

Еве што кажа Пренџов:

“Денеска ова Собрание разгледува извештај за работа на судскиот совет за 2020 година, што само по себе е една недоследност, една лакрдија на самото Собрание, на институциите бидејќи граѓаните не заслужуваат да имаат извештаи две години страи и тоа самото да биде ирелевантно денес.

Госпоѓо Црвенковска, иако Вие не го водевте советот тогаш, општото мислење на граѓаните е дека судството е една а можеби и клучна од основните рак рани на ова општество. Судството е причина зошто оваа држава 30 години стагнира во интеграциите и ако треба да се обележи со една реченица тогаш ќе кажам дека во Македонија правдата е слепа спрема обичниот граѓанин, има мртво слепило кога е во прашање член на опозицијата, ама кога е власта во прашање и тоа како има ококорени очи.

Тоа е факт и општо мислење на граѓаните, затоа не се согласувам со тоа што кажувате дека имаме одредена подготвеност, уште на првата страна од извештајот. Треба да кажете дека тоа е заради реформи кои ги гласаа и власт и опозиција и тука завршува пасусот од 2020 година посветен на судството.

2020 година е предвеник на 111 место по корупција во светот, се судат случаеви од претходни години и не е светла година во ова судство. Секоја година имаме се помалку и помалку доверба во судскиот систе, и таа постои и кај власта и кај опозицијата, само некој мора да молчи, а некој може да каже.

Од сите глупости кои може да ги видиме и небулози на судиите имаме само 5 судии разрешени до 500 и кусур, или се дозирани или никој не ги третирал. Советот сам си проценил дека има напредок но ако го погледнеме извештајот ќе видиме дека смао за себе си пишале дека апелационен суд Битола и основен суд Битола, Штип, Струга, Гостивар, Кичево не се ажурни судови неколку други.

Делчево, Кочани, Виница, Струмица не се ажурни. За 90% од општините имаме неажурно судство според советот. 6062 предмети со години, некои и повеќе од 10 години не можат да добијат судска разврска, толку семејства одат цел живот по судови.

Дали на некој од ова Собрание му е гајле за нив?

Опозицијата полемизираше дека не е во ред да се намалува буџетот на судството, ако сакаме правна држава треба поголем буџет, од Советот за тоа се жалат ама бидејќи молчат кога Собранието носи буџет и затоа се соучесници.

На кого му смета Македонија да биде правна држава? Бројот на судии и буџетот на судството се намалени.

Трагично е што се имаат потрошено на плати, а понатаму вели дека преку понатамоѓно јакнее на институциите ќе напредуваат со нова технологија, а се трошат на плати. Чуварите на власта и криминалот не сакаат да имаме независно судство. Некој треба да каже зошто тоа се случува.

Дали некој од вас колеги чувствува одговорност?

Си го држите судството да им служи на луѓе од врхушката на СДС.

Сакам да ја известам јавноста дека имаме 9738 нерешени предмети само од апелационите предмети, 8000 предмети од Врхове, Виш управен и Управен суд…

Тоа е реалноста за судството во оваа држава, на крај почитувани колеги од мнозинството ние ги правиме и носиме законите. Целосната одговорност за следните извештаи ќе биде целосно ваша” – рече Пренџов.

Линк од видеото: https://fb.watch/bEPG4ljSLB/

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Палевски на распит во обвинителството

Љупчо Палевски-Палчо во моментов е на распит…

Пратеник го зakопа Бектеши: Заборави ли на…

Во емисијата ТОП Тема, во месец декември,…