Крадел, па работите ги продавал преку „Фејсбук“

t

Полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Гази Баба при Секторот за внатрешни работи Скопје денеска го лишиле од слобода М.Б.(33) од Скопје. При претрес на неговиот дом на подрачјето на Лисиче, извршен по добиена наредба од Кривичен суд Скопје, пронајдени се поголем број предмети кои потекнуваат од кривично дело кражба, извршена во периодот од 5 до 28 февруари 2022 во деловен субјект лоциран на подрачјето на Илинден, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Од МВР информиарат дека М:Б е приведен во полициска станица и при извршениот службен разговор го признал делото и појаснил дека украдените производи ги нудел на продажба преку социјалните мрежи.

По комплетирање на службениот материјал против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, наведоа од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Андоновска: Одговорно ви тврдам, во Македонија…

Одговорно ви тврдам, во моментов Македонија нема…

Ванковска ја подбра Силјановска: Гога ќе го…

Гога си решава свој проблем, сократовски! Била…

Запленети 1,8 тони кокаин во близина на…

Вкупно 1,8 тони кокаин е запленет од…

Загина 19-годишен возач во Србија, со автомобилот…

Тешка сообраќајна несреќа се случила попладнево кај…

Португалец 17 години бил држен како роб

Португалец бил држен како роб 17 години…