Зеленски обвини: Русите сакаат на колена да молиме за леб и вода
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во видео порака објавена денеска, рече дека неговата влада „работи на повторно обезбедување на хуманитарните коридори од градовите“.
-Автобусите веќе тргнаа, камионите се на пат и превезуваат храна, вода и лекови, рече Зеленски.
Тој ги спомна коридорите до пристанишниот град Мариупол, источниот град под опсада Волновахи и североисточните градови Изјум и Суми.
-Срцето ми се кине кога гледам што им направија окупаторите на нашите градови, на нашата земја, но и што сакаат да му направат на нашиот народ, на кој му е потребна итна помош, рече Зеленски.
-Русија сака да го понижи нашиот народ да моли на колена за леб и вода, и да можат да си ги спасат животите само со одење на окупираната територија или во Русија. Затоа тие ги блокираат Мариупол, Волновахи и другите градови, рече украинскиот претседател. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија изгубила речиси милион и пол војници…
Русија изгубила околу 1.474.030 војници во Украина…
Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…
Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…
Новак: Поради украинските напади врз рафинериите, Русија…
Русија почна да увезува горива за домашниот…
Федоров: Наскоро ќе можеме да ја гаѓаме…
Украина во следните три до шест месеци…
Киев продира стотици километри во руската територија,…
Украинското Министерство за одбрана соопшти дека украинските…