Објавено на:

(Фото)Бомбардирано родилиштето во Мариопол

t

Дали породилиштето во Мариупол беше бомбардирано, кога и од кого?

На 9 март 2022 година, породилиштето во Мариупол беше бомбардирано. За време на бомбардирањето, внатре имало бремени жени, како што покажува и снимката на „Асошиејтед Прес“ снимена непосредно потоа. Една од тие жени на видеото е бремена и крвари од стомакот додека ја изнесуваат на носилки. Во видеото на 1 минута и 20 секунда, има изјава од Володимир Никулин, шеф на полицијата во Доњецк, кој вели дека „денеска руските окупатори извршија тежок злочин и воено злосторство без никакво оправдание“


Во средата вечерта, на 9 март, украинските медиуми објавија снимка од уништувањето по наводниот напад на воздухопловните сили врз родилиштето и детската болница во Мариупол. После тоа се огласи и претседателот на Украина, Владимир Зеленски, кој ја обвини Русија за воздушен напад.

Новинари на „Асошиејтед Прес“ кои известувале од Мариупол уште од почетокот на инвазијата на Русија врз Украина, го документираа нападот и како што се објаснува на следниот линк, лично ги виделе и жртвите и оштетувањата од бомбардирањето на болницата. Тие снимиле и видео и фотографии од неколку раскрвавени бремени мајки, додека медицинскиот персонал врискал и децата плачеле.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски рече дека нападот во Мариупол заробил деца под урантините.

Детска болница, породилиште. Каква закана беа тие за Руската Федерација? Каква земја е Руската Федерација, ако е исплашена од болници, породилишта и ги уништува?, праша тој.

Светската здравствена организација потврди 18 напади на здравствени установи откако почна инвазијата, а во нив починале 19 луѓе. Не е јасно дали во нив е вбројано и породилиштето во Мариупол.

Дали блогерката навистина лежела во бомбардираното родилиште?


Додека проруските Телеграм канали ја обвинуваа дека е актерка и дека не е можно да била во породилиштето во Мариупол, девојката на фотографијата погоре која инаку се вика Маријана Вишегирскаја се породи. Фотографот на „Асошиејтед прес“ Евгениј Малолетка ја фотографираше со бебето на 11 март 2022 година, откако таа се породи во друга болница каде беше пренесена откако го преживеа бомбардирањето во породилиштето.Два дена претходно, „Асошиејтед Прес“ ја фотографираше Маријана како бега од бомбардираното породилиште во Мариупол.


„Девојката е навистина бремена, но не можеше да „легне“ во родилиштето кое одамна беше окупирано од неонацистите „Азов“. Девојките и дадоа работи, се нашминкаа и ја донесоа пред камерите. „Ексклузив“ му е доверен на познатиот фотограф Евгени Малолетка, кој сега тесно соработува со западните новински агенции и работи за „Асошиејтед претходно“, сметаат аналитичарите, пренесува „Взгљад“.

Нелогичности укажа и на телеграмскиот канал „Војна против лажните вести“. Имено, фотографиите на кои се гледаат „жртвите“ од наводниот напад беа објавени на интернет многу подоцна од самата вест за настанот. Авторите на истрагата сугерираат дека масовното споделување фотографии на социјалните мрежи и во медиумите е дел од планираната антируска кампања.


„Логично е да се претпостави дека, доколку мајките навистина биле таму, членовите на спасувачката служба и очевидците кои први пристигнале на местото на настанот веднаш би се фотографирале од местото на настанот, без да го чекаат извештајот на познатиот фотограф“, се вели во соопштението. .

Како што беше прецизирано, авторот на фотографиите води активна антируска пропаганда од 2014 година.

„Од првиот ден на руската специјална операција, тимот на Зеленски произведува и дистрибуира лажни вести со постојана поддршка на Западот – од британскиот премиер (Борис) Џонсон до некои левичарски медиуми. „Инаку, во Украина со тоа не се занимаваат само медиумите, политичките аналитичари и самиот Зеленски, туку и неговата сопруга“, изјави директорот на Центарот за евроазиски истражувања, Владимир Корнилов.


Според него, сопругата на Владимир Зеленски, Елена Зеленска, пред некој ден објавила фотографии од деца кои наводно загинале за време на „руската агресија“. Меѓутоа, неколку од овие фотографии покажуваат трагедија кога борците за „територијална одбрана“ во Киев пукале во џип со големо семејство, бидејќи мислеле дека се работи за „руска диверзантска група“.


„Интересно е што неколку часа пред нападот на родилиштето во Мариупол, Зеленски лично изјави дека во градот нема вода и струја, а дека сите медицински установи се затворени и евакуирани. Сепак, однапред се знаеше дека штабот на украинскиот национален баталјон е распореден во породилиштето“, рече Корнилов.


Лежевме во собите кога стакло, рамки од прозорци и ѕидови се распрснаа. Не знаеме како се случи. Бевме во собите и некои имаа време да се покријат а други не, изјави Маријана Вишегирскаја за „ Асошиејтед Прес“.

Нападот беше верификуван и од системот  на СЗО за следење напади на здравствени институции.

Со месеци Вишегирскаја споделуваше видеа на Инстаграм од својата бременост и фотографии од неа како позира со козметика. Но, ова не значи дека таа е кризна актерка како што невистинито се посочува во текстот што го рецензираме. Нејзината погрешна идентификација почна тогаш кога руската амбасада во Лондон ја спореди нејзината фотографија со таа од жената што ја изнесуваат на носила. Оваа  жена почина со нејзиното бебе. Односно, не е истата жена, туку во случајот станува збор за друга, неидентификувана личност.

Руската амбасадата тврдеше во твитови дека таа ги менувала улогите на двете бремени жени. Но, вистината е дека станува збор за две различни жени. Едната од нив, прикажана на носилки ( принтскрин подолу), почина со своето бебе, а Маријана преживеа и се породи два дена подоцна во друга болница, каде беше евакуирана по нападот на родилиштето.

Дали екстремисти од Азов биле во болницата?

Нема докази дека болницата не работела и дека баталјонот Азов ја користел за воени цели како што се тврди во текстот кој го рецензираме. Руската амбасада во Израел на Твитер сподели фотографија од тенк пред зграда, со тврдење дека болницата била окупирана од Азов баталјонот. Но, оваа фотографија е снимена на 10 километри оддалеченост од породилиштето и не го отсликува него!

Обединетите Нации на 11 март во соопштение рекоа дека болницата може и да се идентификува и во времето на нападот била дефинитивно во употреба за цивили.

Самото породилиште, на 2 март сподели Фејсбук пост во кој побара да се помогне со бензин за да може да продолжат да работат бидејќи Мариупол беше без струја и вода.

Заменикот на градоначалникот на Мариупол Сергиј Орлов за Гардијан изјави дека неколку цивилни цели биле погодени вклучувајќи бројни области каде живеат цивили, детска болница, породилиште, главната административна зграда и фабриката Авостал.

Претседателот на Украина, Зеленски, исто така, објави видеоматеријали од состојбата на бомбардираното родилиште после нападот.

Повеќе странски сервиси за проверка на факти, исто така, оценија дека е невистинито тврдењето дека бомбардирањето на родилиштето во Мариупол било исценирано.

Поради сите горенаведени факти, оценуваме дека не е вистина дека нападот од родилиштето во Мариупол било исценирано и не е вистина дека Азов баталјонот го користел во време на нападот. Напротив, внатре имало бремени жени.


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украински маринец од “Азовстал”: Наскоро ќе паднеме

Украински маринец од опколената челичарница Азовстал во…

Животот се враќа во нормала: Едно училиште…

Во Мариопол започна со работа првото училиште…

Градоначалникот на Мариопол: Насилно се депортирани повеќе…

Градоначалникот на опколениот украински град Мароупол, Вадим…

Пушилин: Платеници од САД, Романија и Канада…

Платеници од САД, Романија и Канада би…

Украина го одби ултиматумот на Русија: Војската…

Украинските сили ќе продолжат да го бранат…