Дали Белорусија ќе ја нападне Украина вечерва и зошто?
Украина попладнево соопшти дека руски авиони намерно гаѓале белоруско село од украинскиот воздушен простор како изговор за Минск да се вклучи во војната, што се случува откако претседателот на Белорусија Александар Лукашенко пристигна во Москва на разговори со рускиот лидер Владимир Путин, јави Скај Њуз.
Украинскиот центар за стратешки комуникации соопшти дека не може да ја исклучи можноста Белорусија да изврши инвазија на Украина во следните два часа.
„Според прелиминарните податоци, белоруските трупи може да бидат вовлечени во инвазија на 11 март во 21:00 часот (19.00 часот по Гринич)“, се вели во соопштението на центарот. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
1.500 европски војници ќе тренираат во Полска…
Европските држави ќе одржат воена вежба за…
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…
Украина нападна руска радарска станица вредна околу…
Украинските одбранбени сили синоќа нападнаа руска радарска…
Калас: Украинските напади врз руските рафинерии се…
Високата претставничка на Европската Унија за надворешна…
Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска најави…