(Видео) Зошто цените на станови во Карпош се енормно високи? Нема да има згради на спортските терени во Влае!

t

Во денешната епизода на Тешки муабети се зборуваше за цената на становите во Карпош кои достигнуваат енормно високи цени, повеќе и од 1500 евра за метар квадратен.

Стевче Јакимовски објасни зошто цената е толку висока и демантираше дека на спортските терени во Влае ќе се гради било каква зграда.

“Понудата и побарувачката на станови во Карпош има огромен дисбаланс. Има огромна побарувачка, а веќе не се произведуваат станови. Јас на ова предупредував години наназад дека ќе дојде до ова, веќе скоро и да не можат да се најдат мали ставови од 30, 40 квадарти, ќе треба за неколку години нашите синови и ќерки да одат да жиеват во Кисела Вода.

Ние мораме под итно да ги деблокираме ДУП-овите во кои се предвидува регулирана градба на мали станови и индивидуално домување.

Дезинформација е дека јас ќе изградам било каков објект на спортските терени во Влае, кадешто почна мојата кариера, мојот син буквално е роден таму на тие терени. Тоа се први осветлени спортски терени, јас ги осветлив за да може да се користат ноќе.

Ќе се градат градинки кои се потребни за нашите жители, но не на спортските терени. Не би плукнал на мое дело. Градинката е вцртана од Град Скопје но не е на спортските терени. Овие дезинформации се намерно пуштени, да ги вознемират карпошани.” – објасни Јакимовски.

Линк од емисијата во живо: https://www.facebook.com/watch/live/?ref=notif&v=324696106302991&notif_id=1647030651573940&notif_t=live_video_explicit

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Цените на становите во Скопје пораснаа за…

Цените на недвижностите во Скопје продолжуваат да…

Канделабрата во паркот во Карпош ја откорнало…

Од МВР информираа дека е расчистен случајот…

Без струја делови од Карпош, Центар и…

Без електрична енергија денеска ќе останат делови…

Мајка нападнала дете во игротека во Карпош

На 17.05.2026 во 22:30 часот во СВР…

СДСМ бара вонредна седница на Советот на…

„После распадот на ЗНАМ, сега пукнатините јавно…