Бајден: Русија ќе плати „жестока цена“ ако употреби хемиско оружје во Украина
Претседателот на САД, Џо Бајден, синоќа предупреди дека Русија ќе плати „жестока цена“ ако употреби хемиско оружје во Украина.
– Нема да зборувам за разузнавањето, но Русија ќе плати жестока цена ако употреби хемикалии, изјави Бајден за Си-ен-ен.
САД досега немаат изнесено докази за планирана употреба на хемиско оружје од страна на Русија, но самиот факт дека тоа се кажува во јавноста говори дека американските разузнавачи имаат информации дека таков напад може да се случи.
Русија може да употреби хемиско оружје во Украина или да создаде своја провокација со лажиран настан, изјави претходно Џен Псаки, портпаролката на Бајден.
Изјавата дојде по руските тврдења дека САД развиваат хемиско оружје во Украина.
-Сега откако Русија лажно утврдува и по очигледната согласност на Кина со оваа пропаганда, сите треба да бидеме на штрек дека Русија може да употреби хемиско или биолошко оружје во Украина, или да лажира настан со негова употреба, напиша Псаки на Твитер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хрватка се претставувала како директорка на банка,…
51-годишна жена од Хрватска лажно се претставувала…
Заев до Ципрас: Со договорот од Преспа…
Поранешниот премиер Зоран Заев му упати честитка…
Белата куќа испрати меил со сите изјави…
Во услови на тековниот израелско-ирански конфликт, Белата…
Израел ќе реализира летови за репатријација на…
Израелскиот превозник „ИзрЕр“ вели дека се подготвува…
Трамп: Не гледам дека Москва или Пјонгјанг…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не…