Конечно: Регулаторна ги соопшти новите цени на горивата, после долго време пад на цената

t

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, со што се изврши усогласување со измените од Законот за акцизи и измените од Законот за данок на додадена вредност.

Малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 6,45% во однос на одлуката од 10.03.2022 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 6,50 денари/литар, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 9,00 денари/литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,345 денар/килограм и ќе изнесува 60,914 ден/кг.

Од 13.3.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 86,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 88,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 88,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 83,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 60,914 (денари/килограм)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се степале двајца кумановци на 75 и…

Полициски службеници од СВР Куманово вчера во…

Смртно избодел ученичка во училиште во Германија,…

Во приватно училиште во близина на Берлин…

АВМУ по соопштението на МАА и МРТ:…

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги…

Четири земји-членки на ЕУ бараат Украина да…

Холандија, Полска, Шпанија и Шведска побараа од…

Кривична против охриѓанка, нападнала полицајка

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 42-годишната…