Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Жозеп Борел, во понеделник во посета на Македонија
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел, в понеделник ќе допатува во Скопје, во рамки на неговата посета на регионот, којашто почнува од утре до 16 март, при што освен Северна Македонија, ќе ги посети и Албанија и Босна и Херцеговина.
Во Скопје Борел ќе има средби со претседателот Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски, шефот на дипломатијата Бујар Османи, министерката за одбрана Славјанка Петровска, како и со претседателот на Собрание Талат Џафери и лидерите на опозициските партии.
Високиот претставник ќе одржи прес-конференција со премиерот Ковачевски, која ќе се емитува на EbS.
Борел потоа ќе учествува и на настан на кој претставници на граѓанското општество и младинските организации ќе ја претстават својата работа за придонесот на Западен Балкан на Конференцијата за иднината на Европа. Настанот ќе се пренесува во живо на Фејсбук страницата на Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија.
Посетата на Борел на регионот ќе ја потврди посветеноста и поддршката на ЕУ за регионот исто така во поглед на руската војна против Украина и нејзиното влијание врз безбедноста на Европа како целина, соопшти Делегацијата на ЕУ во земјава.
Од Скопје, високиот претставник на ЕУ ќе отпатува за Тирана, каде што ќе се сретне со албанскиот премиер Еди Рама, како и со други претставници на власта и граѓанското општество.
Борел во среда ќе допатува во Сараево, каде што прво ќе ја посети операцијата на ЕУФОР Алтеа, а потоа ќе се сретне со властите на БиХ и со претставници на политички опозициски партии, како и на граѓанското општество.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Калас: Русија денес нема шанси против ЕУ…
Русија годинава издвои повеќе за војската отколку…
Пицула за БГНЕС: „Српскиот свет“ е опасен,…
„Српскиот свет“ е опасен. Местото на Западен…
Правда „засука ракави“: Изготвени дваесетина закони како…
Со новите измени на кривичниот законик ќе…
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Филипче од Атина: Македонија е заглавена со…
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на меѓународна…