(Видео) Нека оди Таче со 1000 денари да испазари за цел месец! Како антикризна мерка е давање кредит или препорака за штедење струја?
Во Тешки муабети се зборуваше за антикризните мерки на Владата кои ги коментираше Александар Митовски.
“Во Италија, Германија, Албанија имаше протести протести за зголемување на цените на струјата и горивата. Кај нас никој не протестира затоа што Владата донесе антикризни мерки, сите уживаат…
Ова се мерките, антикЛизните мерки на Владата:
Намалување на повластена стапка на ДДВ за основните производи за исхрана од 5 на 0%, добра мерка кога би била наменета за кризните ефекти но таа се однесува на месеците април и јуни. Се уште расте цената на производите, а ќе се намали за 5% од април и ќе трае до јуни. Кој му гарантирал на Теч дека конфликтот ќе трае до јуни и после нема да се чувствуваат ефектите не знам.
Замрзнување на маржите на основни производи за исхрана за истите месеци.
Ваучери за основни производи од по 1000 денари за три месеци, не за секого туку за 35.000 граѓани од најранливите категории. Нека оди Таче утре со еден список во било кој маркет да испазари за 1000 денари се што му треба.
Автономна мерка за увоз не постои такво во било која лтература по економија.
Продолжување на примена на повластена даночна стапка од 5% за домаќинствата, цената се зголеми за преку 80% ама сега ќе ја намалат за 5%, а оваа мерка е донесена лани во октомври и не е антикризна.
Препорака за менување на методологија за малите домаќинства за струја, мерката ќе важи од јули.
Намалување на сиромаштија, исто од јули ќе важи.
Субвенции за мензионерите од 1000 денари до март до мај. Ова е ноторна лага, не може да се дадат субвенции за март бидејќи сме тековен месец. И да потсетам дека досега Македонија никогаш немала помала пензија од минимална плата, тоа е за првпат во историјата.
Продолжување на субвенционирање на цена на електрична енергија, ова не е мерка туку одредба изгласана минатата година. Ова е за одземените лиценци на компаниите што не се ЕВН, мерката не постои ама се рекламира.
Субвенционирање на цената на топлинска енергија од февруари до 15 април, заврши зимата они ќе субвенционираат парно. Кога требаше да субвенционираат се вадеа дека Данела е крива.
Финансирање на проекти за енергетска ефикасност за општините. Оваа мерка не е на Владата, ова е проект на општините и Град Скопје кој во декември потпиша договор за кредит со Светска Банка за енергетска ефикасност на општините.
Програма за промоција на обновливи извори на енергија, значи мерката е промоција… Ова треба ургентно да ни помогне…
Препорака за менување на методологијата за усогласување на цените на дериватите врз основа на промените на берзанските цени… Мерката е препорака! Каков идиотизам! Како ќе утврди Регулаторна какви ќе бидат цените согласно цените на берзата?
Пролонгирање на воведување на еколошка такса за енергенси…. Сега ние ќе речеме планиравме во јули да почнеме да наплаќаме да го гледате Инфомакс, ама ќе пролонгираме антикризно.
Намалување на ДДВ за енергенси ама само од март до мај. Март не може веќе да важи, од април може.
Намалување на акциза врз основа на берзански цени, дали може да ми преведе некој? Ова е идиотизам.
Ослободување од ДДВ при увоз на природен гас, електрична, топлинска енергија или енергија за разладување. А од каде ќе увеземе природен гас? И МЕПСО и ЕЛЕМ ќе увезе по намалена цена а ние ќе плаќаме иста.
Препорака за општините да го реорганизираат јавниот превоз за да биде достапен за сите граѓани. Како ќе го реорганизира јавниот превоз Чешиново Облешево кога нема јавен превоз?
Субвенционирање на договорна каматна стапка за деловни субјекти кои земале кредит од комерцијални банки а ќе ја реинвестираат добивката. Завршните сметки се готови, кој инвестирал, кој не и некој не може да ги користи.
Финансиска поддршка преку директно кредитирање од РБСМ на компаниите.
Финансиска поддршка преку која комерцијални банки ќе даваат кредити без камата за обртни средства.
Користење на гарантен фонд преку РБСМ. Никој не го користи фондот затоа што нема процедура како да се користи. Тоа е законска можнсост не мерка.
Кредити за инвестирање во проекти за инвестирање во обновливи извори… Сега нови кредити ќе зимаме за реализација на овие проекти.
Нова линија за поддршка за сопанството преку ЕИП за зелена транзиција. Ова е кредитна линија на европска инвестициона банка и не може да биде мерка на влада и секој може да аплицира за неа.
Зелено финансирање од програма на ОН, ова е кредитна линија на ОН. Каква антикризна мерка е ова?
Препорака за штедење и рационално користење на електрична енергија… Значи штетедет струја.” – констатира Митовски.
Следете ја емисијата во живо на следниот линк: https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/278217804494610