(Видео) Да се отворат социјални продавници заради регулација на цените на пазарот – Донесете вистински антикризни мерки
Во денешната епизода на Тешки муабети, Александар Митовски предложи до Владата и институциите да донесат една вистинска антикризна мерка која ќе има економски ефект и практичен ефект врз граѓаните, а тоа е отварање на социјални продавници.
“Да се детектира каде има неправилни енормни поскапувања, каде има тргање од рафтови…
Мислам дека сега во овој момент институциите имаат можност да направат таканаречени социјални продавници во кои ќе се продава се по набавна цена. И тоа е една кризна мерка која би била доста корисна, се друго е злоупотреба да потрошувачите.
Такви социјални продавници треба да се направат низ цела држава чисто заради регулација на цени на слободен пазар, тоа се продавници кои регулираат цена. Ако се продава некаде зејтинот по 35 денари не може некој да продава за 105 туку ќе мора да ја корегира цената за да се приближи до оваа.” – предлага Митовски.
Погледнете ја емисијата на следниот линк: https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/278217804494610