Објавено на:

Ескобар: Сите земји од Западен Балкан да го повикаат Путин на одговорност

t

Сите земји од Западен Балкан да го повикаат рускиот претседател, Владимир Путин, на одговорност, поради неговите одлуки да му предизвика нехумано страдање на украинскиот народ, апелираше денеска, заменик-помошник државен секретар на САД и специјален пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар.

Тој за „Вијести“ изјави дека многумина од граѓаните на Украина, имаат длабоки врски со Русија и голем дел од нив, исповедаат длабока православна вера.

Како се одвива оваа хуманитарна катастрофа, додека се зголемува бројот на цивилни жртви, морате да се запрашате, на што е Путин способен на други места, вклучувајќи го и Западен Балкан, истакна Ескобар, коментирајќи ја Резолуцијата, освоена од Европскиот парламент минатата недела.

„Вијести“ пишува и дека со Резолуцијата, меѓу другото, се изразува загриженост поради обидот на Православната црква во земји како „Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, да ја промовира Русија како заштитник на традиционални семејни вредности и да ги зајакне односите меѓу државата и црквата“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Не)успешно разоружување на Србија – Бројот на…

Една година по акцијата за разоружување на…

Запленетото оружје од фронтот во Украина атракција…

Западните тенкови и воената опрема запленети од…

Небензја бара меѓународна истрага за случувањата во…

Неопходна е независна меѓународна истрага за откриените…

Гордана Силјановска ќе ја почитува „Северна“ и…

Не планирам да ги тргам таблите со…

Маричиќ: 20 години од големото проширување на…

„Денес ЕУ го прославува 20-годишниот јубилеј на…