Објавено на:

Вучиќ: Ќе биде „целосна катастрофа“ ако Бугарија ја запре испораката на гас од Русија

t

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави денеска дека за Србија ќе биде „целосна катастрофа“ најавата на Бугарија дека ќе го затвори гасоводот доколку Русија почне да плаќа транзит во рубљи, јави Бета.

– Тоа за нас е целосна катастрофа. Сите други ќе добијат нешто. А ние немаме каде да добиеме ништо, освен преку Берегово од Унгарија или преку Балкански поток од Бугарија. А, ако го откажат, не знам што ќе правиме, изјави Вучиќ.

Тој рече дека најавата пристигнала „како гром од ведро небо“.

Вучиќ рече дека Србија ќе продолжи да се труди да купи што е можно повеќе гас, но дека тоа не е доволно за подолг период.

– Го изградивме системот (гасовод), плативме милијарда и пол. Направивме се и ништо не зависи од нас, изјави Вучиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Ибраимоски: Ќе барам посебни седници за…

Како пратеник ќе барам посебни седници на…

Се пресметале при разминување на прошетка –…

Еден затвореник е полесно повреден во пределот…

Mлад скопјанец натепан во автобус во Карпош…

Синоќа во градски автобус на подрачјето на…

Утре гласаат 11.123 болни и немоќни лица…

За вториот круг на претседателските и за…

Фон дер Лајен: ЕУ смета на Кина…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…