(Фото) Мицкоски се сретна со директорот на Светска банка за Македонија и Косово – Се разговарало за идни проекти
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Христијан Мицкоски денес оствари средба со директорот на Канцеларијата на Светска Банка за Македонија и Косово, Масимилиано Паолучи.
На состанокот се разговараше за актуелната економска ситуација во земјата со фокус на проектите кои се финансирани од страна на Светска банка.
Мицкоски потенцираше дека е неопходно да се започне со фискална консолидација, со внимателно и домаќинско располагање на државните пари во пресрет на идните предизвици, а при веќе големи кумулирани обврски кои доставуваат за отплата во наредниот период.
Претседателот nна ВМРО ДПМНЕ укажа дека задолжувањето веќе е до алармантно ниво и затоа само преку брзо воспоставување на фискални правила може да се постигне целта, за што посочува и Светска банка.
Воедно, на состанокот се разговараше и за имплементацијата на проектите за локални патишта, и неговото претстојно одобрување од страна на Парламентот.
Во интерес на обезбедување на енергетска ефикасност на општините се разговараше и за реализацијата на расположливиот кредит од Светска банка за оваа намена.
Состанокот помина во конструктивна атмосфера, со што Мицкоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ како и до сега, така и во иднина е спремна на соработка со Светска банка за сите отворени прашања кои се во интерес на обезбедување на подобар животен стандард на граѓаните. – Известуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вработените во Инспекторатот за употреба на јазиците…
Вработените во Инспекторатот за употреба на јазиците…
Родител на починато дете: Не сум задоволен…
Родител на починато дете во објава на…
Владата се раситнува: Мицкоски го најави излегувањето…
На премиерот му е јасно дека Таравари…
Мицкоски: Не ми е проблем ќе појдам…
Премиерот Христијан Мицкоски рече дека е подготвен…
Мицкоски калкулира со парламентарни избори заедно со…
Од владеачката ВМРО-ДПМНЕ информираат дека во партијата…