Објавено на:

(Видео) Ќе го разбере ова, исто е на сите јазици: Ребел Вилсон му покажа среден прст на Путин

t

Актуелната инвазија над Украина беше актуелна и на синоќешното 75-то доделување на филмските награди на Британската академија (БАФТА) чии организатори искажаа зборови на поддршка за украинскиот народ, а водителката и актерка Ребел Вилсон му покажа среден прст на рускиот претседател Владимир Путин.

-Во овој настап имаме двајца преведувачи на знаковен јазик, едниот покажува американски знаковен јазик, додека другиот е задолжен за британскиот. За среќа, на сите знаковни јазици ова е порака за Путин, рече таа, кревајќи го средниот прст, а публиката ја награди со громогласен аплауз.

Бенедикт Камбербач, чиј филм „Моќта на кучето“ беше прогласен за најдобар филм, во меѓувреме пристигна со пин со знамето на Украина на реверот пред да изјави за британската Скај њуз дека се надева дека ќе помогне да се сместат бегалците од конфликтот.

Извор: Фокус

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ердоган: Турција е единствената што може директно…

Турција е единствената што може директно да…

Вучиќ му честиташе на Орбан за организирањето…

Српскиот претседател Александар Вучиќ разговараше по телефон…

Путин го разреши заменик шефот на неговата…

Рускиот претседател Владимир Путин го разреши Дмитриј…

Зеленски до Трамп: Покажете јасен став и…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика Доналд…

Трамп побара од ЕУ да го притисне…

Американскиот претседател Доналд Трамп побарал од Европската…