Објавено на:

Борел му се закани на Додик: ЕУ нема да толерира поткопување на стабилноста на БиХ

t

Високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел го предупреди вчера српскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина Милорад Додик дека сецесионистичките активности кои ги води Република Српска не само што ќе ја блокираат европската перспектива за сите кои живеат во БиХ туку ќе ја примораат Унијата на решителна реакција.

Борел, кој утре треба да допатува во Сараево во рамки на регионалната мини турнеја, пред пристигнувањето на Додик му испратил писмо во кое истакнал дека се неосновани неговите и тврдењата на други функционери од РС дека одземањето на постоечките овластувања на државата и нивно пренесување на ентитетско ниво е согласно на Дејтонскиот договор.

Борел на тој начин ја коментираше одлуката на парламентот на РС да преземе чекори на тој ентитет да му се овозможи преземање на овластувањата за именување судии и обвинители, задача која сега ја има Високиот судски и обвинителски совет на БиХ, како и воспоставување агенција за лекови на ентитетот иако таква агенција веќе постои на државно ниво.

Додик најави дека тоа се првите чекори и дека следните ќе бидат Република Српска да го преземе собирањето на царините и овластувањата во областа на одбраната и безбедноста. „Освен очигледниот недостиг од правна основа, акциите кои ги презема Република Српска носат и важни последици за државата и за нејзините граѓани“, се наведува во писмото на Борел.

Борел предупреди дека она што го прават властите во Бања Лука ги поткопува сите напори БиХ да стане членка на ЕУ, а остро го осуди и тоа што српските претставници во телата на власта на БиХ од средината на минатата година ја блокираат нивната работа обидувајќи се на тој начин да изнудат укинување на законот за забрана на негирање воени злосторства.

„Кога функционерите од РС ќе се вратат во државните институции и ќе обезбедат тие целосно да функционираат, ЕУ е спремна да овозможи смислен и интензивен дијалог. Ако до таков дијалог не дојде, и продолжат активностите на демонтирање на државните институции, ЕУ ќе нема друг избор освен да почне да размислува за употреба на сите други инструменти од својата рамка“, напиша Борел, јасно алудирајќи на воведување санкции.

На Додик, кој е познат по проруските ставови, му порача и дека се нужни единство и стабилност во Европа за спротивставување на агресијата на Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Реки по улиците: Хаос и поплави во…

Турскиот главен град Анкара синоќа беше погоден…

Внимавајте, се вршат измами за случени сообраќајни…

СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање на…

Голем број монети се фалсификат – Народна…

Народна банка на Македонија посочува на разликите…

Бугарија – најмониторирана земја членка во Советот…

Хелсиншкиот комитет за човекови права во Бугарија…

Непознати лица се обиделе да запалат синагога…

Непознати лица синоќа фрлиле молотов коктел врз…