Се очекува голем протест: Наставниците излегуваат на улица

t

Независниот синдикат за образование и наука (НСОН) за сабота (19 март) најави протест, со кој бараат усогласување на минималната плата во пресметката на плата согласно колективните договори. Собирот започнува од 10:30 до 11 часот од паркингот кај хотелот „ВИП“ (спроти East Gate) со правец на движење кај Владата, каде е најавен синдикален камп, пренесува Радио Моф.

Претседателот на НСОН, Томислав Гиевски за Радио МОФ вели дека репрезентативниот образовен синдикат СОНК најавил штрајкови и порадикални активности доколку до 15 март не се усогласи минималната плат со колективните договори. Но, вели тој, досега не виделе припрема за штрајк, па НСОН како втор најголем синдикат ја продолжува борбата.

„Почетната плата на наставник, на стручен соработник во секторот образование изнесува 24.800 денари, што е за околу 5.200 денари под моменталната просечна плата. Значи, почетната плата е многу пониска од републичкиот просек“, посочува Гиевски.

Согласно колективните договори, објаснува тој, просветниот работник има коефициент 2.503 во основно, или 2.533 во средно образование. Овој коефициент согласно колективниот договор е предвидено да се множи со најниската плата за најнизок степен на сложеност на државно ниво.

„И, тука настанува проблемот, бидејќи во ситуацијава СОНК и МОН се сложиле дека најниска плата на државно ниво е 10.000 денари, а на тој начин се одбегнува пресметката веќе цели 9 години и нас како просветни работници ни се загрозува социјалната егзистенција. Односно, да бидеме подпросечно платени“, забележува тој.

Според Гиевски, ако направиме споредба на балканските држави, таму нема земја во која просветниот работник добива плата под републичкиот просек. Исто така, во ниту една држава од Балканот не е толку навлезена политиката.

„Нашите основни начела како Независен синдикат за образование и наука се достоинствено вреднување на трудот на просветниот работник и департизација. После 30 години системот веќе не може да истрпи влијание на една или друга политичка партија, на менување на кадри. И, важно, просветен работник кој го едуцира населението, се грижи за децата – да биде платен со плата под републичкиот протест. Згора на тоа, најголем дел од просветните работници завршиле факултет, магистарски студии, има и луѓе со докторати“, потенцира Гиевски.

Извор: Радио Моф

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Маќедонци: Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на…

Руски хакери нападнаа веб-страници на косовски институции,…

Ерменскиот премиер најави договор со Азербејџан

Ерменскиот премиер Никол Пашињан изјави дека мировниот…

Грците бесни што Турција сака манастирот Хора…

Министерството за надворешни работи на Грција преку…

Тројца мажи се обиделе да влезат во…

Во Полициската станица Бит Пазар денеска било…