Ќе и пресуди ли обвинението против Рашковски на кариерата на oбвинителката Трајчева?
Своевремено аферата М-НАВ беше првиот поголем скандал во кој со непобитни аргументи беше прикажана незаконската работа на Владата предводена од екс-премиерот Заев.
Во скандалот Генералниот секретар на Владата и еден од најблиските соработници на Заев беше обвинет за корупција при набавка на радарска опрема за потребите на М-НАВ. Скандалот во темел ја промени перцепцијата на јавноста за состојбата со високата корупција во Владата на СДСМ.
Генералниот секретар на владата, Драги Рашковски, бил свесен дека не смее да разговара со компанијата „Леонардо“ околу јавната набавка за М-НАВ – затоа што тендерот сеуште не бил комплетиран – но и покрај тоа инсистирал состанокот да се одржи и на истиот ги притискал претставниците на оваа државна компанија да го протнат тендерот.
Дека работи незаконски потврди и снимката на која се слуша самиот Рашковски.
– Ние не смееме да разговараме со нив пред да се прати „Letter of Award” (н.з. писмо со кое се потврдува дека компанијата го добила тендерот). – му вели соговорникот на Рашковски.
На ова, генсекот на владата, свесен дека е во центарот на нелегална активност, на соговорникот му вели.
-Потивко, хахаха!
Сепак оваа снимка и скандал ниту ја заврши кариерата на Рашковски, ниту за неа беше покренато обвинение, а случајот заглави во Атникорупциската комисија.
Правдата се чини полека, но сигурно го стигнува Рашковски, а во ценатарот на вниманието се најде обвинителката Ивана Трајчевска која трагајќи по правдата може да си ја заврши кариерата.
Владиниот Генерален секретаријат, во времето на Драги Рашковски, набавил софтвер за сообраќајни прекршоци, кој не е во употреба иако е платен 81.000 евра. Рашковски иако тврдеше дека се координирал со надлежни институции, во МВР не само што не знаат за набавката, туку и не планираат да ја користат опремата.
Трајчева покрена истрагата која се однесува на три јавни набавки, првата е за софтверот, а останатите две се за работи поврзани со за софтверот за потребите на МВР. Осомничените меѓу кои и Рашковски се гонат за злоупотреба на службената положба и овластувања со тоа што, Рашковски се товари за сите три јавни набавки, додека останатите тројца само за првата.
Првата истрага против Рашковски е за набавка на софтвер за сообраќајни прекршоци, кој што го набавил како генерален секретар, иако МВР немало потреба од него. Втората истрага, која што беше отворена додека тој беше во притвор, е исто така за набавка за софтвер, но набавен во 2017 година.
Иако Рашковски важеше за еден од најбилските луѓе на тогаш актуелниот премиер Зоран Заев, а тогашниот премиерот беше убеден дека поранешниот генерален секретар, Драги Рашковски, е невин и по обвинението кое го поднесе Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Трајчева не подлегна на притисокот.
Не само што не подлегна на притисокот таа инсистираше Рашковски времето наместо во домашен да го поминува во ефективен притвор поради можноста за влијание врз сведоци.
-Можам веднаш да ви кажам дека ќе следи жалба на одлуката за куќен притвор од причина што ценам дека обвинителството даде доволно докази да ги докаже околностите поради кои бараше да биде определена мерка притвор, а не куќен притвор. Со мерката куќен притвор сметаме дека и понатаму ќе постои опасност од влијание врз сведоците и останатите материјални докази кои допрва ќе треба да бидат прибавувани и сослушани во текот на постапката. Од тие причини во текот на утрешниот ден ќе поднесеме жалба, изјави Трајчева.
Индикативно дека има притисоци, Трајчева да не биде реизбрана поради овој случај е изјавата на нејзината шефица, Вилма Русковска која не можеше попластично да објасни колкав е притисокот на политиките врз обвинителството.
Пред само два дена шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска истана оти се надева дека обвинителката Ивана Трајчева нема да трпи последици поради тоа што покренала случај против ексгенералнот секретар, Драги Рашковски.
Со оглед на фактот дека Трајчева чека да види дали ќе добие нов мандат од Советот на јавни обвинители, Русковска кажа дека таа ќе го застапува предметот против ексфункционерот, доколку, Трајчева биде вратена во скопското обвинителство.
„Јас искрено се надевам дека нема да биде така“, рече Русковска на прашањето дали Трајчева ќе трпи последици поради случајот против Рашковски, па потоа прашана дали се сомнева дека сепак може да биде така, таа додаде: „Не, видете. Излегоа многу шпекулации во јавноста. Не можам да бидам сигурна за мотивите и постапките на другите. Јас како обвинител сум убедена дека тоа нема да се случи“.
По се изгледа дека реизборот на Трајчева е голем тест за македонското правосудство и влијанието кое го има политиката врз истото.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Босна и Херцеговина привремено ги затвора амбасадите…
Заедничките институции на БиХ започнаа подготовки за…
Одморалиштето на Пониква утре ќе прими пациенти…
Одморалиштето на Пониква утре ќе прими пациенти…
Рокас без предвидување за извештајот на ЕП:…
Евроамбасадорот Михалис Рокас рече дека не може…
Просечната нето плата во април 45.452 денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во…
Констатирани неправилности, Обвинители намерно и неоправдано направиле…
Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на…