Средба Груби – Брнз: Првиот вицепремиер побарал поголема американска помош за спорот Скопје-Софија
Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска оствари средба со амбасадорката на Соединетите
Американски Држави во Скопје, Кејт Мери Брнз.
Груби, како што соопшти неговиот кабинет, со амбасадорката Брнз разговарал за ситуацијата во Украина, оценувајќи дека руската воена агресија врз една независна држава е сериозна закана за мирот и безбедноста во Европа и во светот која како таква ја оценил огромен дел од меѓународната заедница.
Груби и Брнс на оваа средба истакнале и дека стратешкото партнерство со Соединетите Американски Држави и воедно полноправното членство на земјата во НАТО, но и што по скорото отворање на преговорите со Европската Унија е од големо значење, особено во ова време на кризна состојба што го зафати светот.
Тие разменија мислења и за отворениот спор со Република Бугарија. Во оваа прилика Груби ја истакна потребата на уште поголема американска и европска помош кога се работи за спорот меѓу Скопје и Софија, како и потребата Владата да го задржи реформскиот курс, се вели во денешното соопштение.
Првиот вицепремиер Груби ја информирал амбасадорката Брнс и за Коридорот 8, кој што го нарекол најголемиот инфраструктурен проект во државата, и зборувал за важноста на неговата изградба за економскиот развој на земјата, што се очекува да започне кон средината на оваа година од американската компанија Бехтел Енка.
Груби ја елаборирал заложбата на Владата за минимизирање на последиците од светската економска и енергетска криза, потенцирајќи го пакетот од околу 26 економски мерки и сите потребни интервентни механизми за одржување на животниот стандард на граѓаните и ликвидноста на компаниите.
Истовремено, Груби пред Брнс ја изразил и важноста што нашата земја ја придава на почитувањето на препораките усвоени на Конференцијата за Сајбер безбедност во Прага или инаку позната како Прашки предлози за процесот на инсталирање на 5G мрежата.
Амбасадорката Брнс, пак, нагласила дека сегашната безбедносна криза во Европа најдобро ја илустрира потребата од систематски и поголем фокус на евроатлантската заедница во регионот и во Македонија, вклучувајќи ја и Европската интеграција на земјата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лога, Груби и Битиќи: Разговараме за заедничка…
Неофицијално јас знам дека тој датум ќе…
Американската амбасадорка Брнз во посета на Бигорски…
Во посета на македонското древно светилиште „Свети…
Веднаш по превземањето на премиерската позција, Ковачевски…
Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар…
Антикopyпциска го иcкapa Гpyби го пpeкршил Кодексот…
Антикорупциската комисија на денешната седница констатираше дека…
(Видео) Груби: Ќе има Албанец премиер во…
Првиот вицепремиер Артан Груби во интервју за…