Конечно мир: Русија и Украина договориле мировна рамка од 15 точки? Што е предвидено
Украина и Русија договориле мировна рамка од 15 точки, вклучително и прекин на огнот и повлекување на Русија, под услов Киев да прогласи неутралност и прифати ограничувања на своите вооружени сили, јавува угледниот Фајненшл тајмс, повикувајќи се на три извори во разговорите.
Овој предлог договор бил разгледуван во понеделникот кога речиси половина ден траеа преговорите, а за кои ниту една од страните не јави детали. Наводно се предлага Киев да се откаже од своите амбиции да се приклучи на НАТО и ветување дека нема да биде домаќин на странски воени бази или оружје.
Договорот треба да вклучува воено-безбедносни гаранции од сојузниците како што се САД, Велика Британија и Турција, а Киев треба да продолжи да ја задржува својата војска. Киев, исто така, треба да обезбеди еднаква употреба на рускиот јазик во Украина.
Иако Москва и Киев изјавија дека постигнале напредок во однос на условите од договорот, украинските власти и понатаму се скептични. Михаил Подољак, висок советник на украинскиот претседател Зеленски, за Фајненшл Тајмс вели дека секој договор ќе вклучува руската армија да ја напушти Украина. Од Кремљ бараат Украина во случај на војна, Украина треба да е неутрална – модел кој сега го имаат Австрија и Шведска, кои не се членки на НАТО.
ОВА Е ОПЦИЈА КОЈА НАВИСТИНА СЕГА СЕ ДИСКУТИРА И МОЖЕ ДА СЕ ГЛЕДА КАКО ОДРЕДЕН КОМПРОМИС, ИЗЈАВИ ПЕСКОВ.
За Зеленски, разговорите се движат кон реална насока. А и шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, изјави дека во преговорите со Украина, се појавил позитивен бизнис пристап, фокусиран меѓу другото и на неутрален статус на Украина.
НЕУТРАЛЕН СТАТУС СЕРИОЗНО СЕ РАЗГЛЕДУВА, СЕКАКО ВО ВРСКА СО БЕЗБЕДНОСНИ ГАРАНЦИ. ТОКМУ ТОА И ГО КАЖА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ПУТИН ВО ФЕВРУАРИ НА ЕДНА ОД ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИТЕ. СИТЕ МОЖНИ ОПЦИИ, СЕКОЈА ГЕНЕРАЛНО ПРИФАТЛИВА БЕЗБЕДНОСНА ГАРАНЦИЈА ЗА УКРАИНА И ДРУГИТЕ ДРЖАВИ, ВКЛУЧУВАЈЌИ ЈА И РУСИЈА, СО ИСКЛУЧОК НА ПРОШИРУВАЊЕТО НА НАТО. СЕГА ТОКМУ ЗА ОВА, ВИЕ ГО ЦИТИРАВТЕ ЗЕЛЕНСКИ, ТОКМУ ТОА СЕ ДИСКУТИРА ВО ПРЕГОВОРИТЕ. ИМА НЕКОИ КОНКРЕТНИ ФОРМУЛАЦИИ ЗА КОИ СПОРЕД МЕНЕ, БЛИСКУ СМЕ ДО ДОГОВОР, ИЗЈАВИ ЛАВРОВ.
Зеленски денеска го одржа долгоочекуваниот говор и пред американскиот Конгрес. Ги потсети американците на нападите во Перл Харбур и Терористичките напади на 11 септември. Сега нашата земја секојдневно се соочува со вакви напади рече Зеленски, на што конгресмените не останаа рамнодушни.
Им се заблагодари за поддршката, но побара дополнителна помош. Со оглед на тоа што НАТО одбива да го затвори украинското небо, тој понуди алтернатива за украинската војска сама да се брани.
ЗНАЕТЕ КАКВИ ОДБРАНБЕНИ СИСТЕМИ НИ ТРЕБААТ. S300 И ДРУГИ СЛИЧНИ СИСТЕМИ, ЗНАЕТЕ КОЛКУ ЗАВИСИ ОД БОЈНОТО ПОЛЕ, ОД СПОСОБНОСТА ДА СЕ КОРИСТАТ АВИОНИ, МОЌНАТА, СИЛНА ВОЗДУШНА АВИЈАЦИЈА ЗА ЗАШТИТА НА НАШИОТ НАРОД, НАШАТА СЛОБОДА, НАШАТА ЗЕМЈА, РЕЧЕ ЗЕЛЕНСКИ.
По неговиот говор, претседателот Бајден потпиша нова воена помош од 800 милиони долари.
Во меѓувреме, руските бомби врз Украина не се намалуваат. Околината на Киев во текот на ноќта била гранатирана 65 пати. А во најновиот напад на северниот град Чернив убиени се 10 луѓе кои стоеле во ред додека чекале да купат леб.
Извор: Фајненшл Тајмс
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нигеp ги пpекинува дипломатските односи со Укpаина
Нигер ги прекинува дипломатските односи со Украина…
Украина ја засилува својата ракетна програма, Зеленски…
Украина издвојува дополнителни средства за својата ракетна…
„Њујорк Тајмс“: Иран бара од Русија напредни…
Иранската влада побарала од Русија напредни радари…
ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…
Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…
Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…
Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…