(Видео) Јакимовски: Сите сме во иста каша – Владата и локалната самоуправа не треба да си го префрлаат жешкиот костен меѓусебно

t

Во денешната епизода на Тешки муабетиградоначалникот на Карпош, Стевче Јакимовски нагласи дека проблемите во државата се заеднички и владата и локалната самоуправа не треба да си го префтлаат жешкиот костен еден на друг.

Сметките за улично осветлување кои ги доби Општина Карпош месецов се неколкукратно поголеми од претходниот и јас веќе дадов насока да се скрати времетраењето на осветлувањето.

И Владата е во голема каша и нема средства, сите сме во иста каша и не треба да го префрламе жешкиот костен од една во друга рака. Треба сите заедно да работиме да се решат проблемите. Јас не барам помош од Владата и Владата не треба да бара помош од општините за енергетската криза – вели Јакимовски.

Следете ја емисијата во живо на следниот линк: https://www.facebook.com/watch/live/?ref=notif&v=673509177105242&notif_id=1647457256413066&notif_t=live_video_explicit

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ