Билд: Лавров полета за Пекинг, па се врати во Москва
Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров синоќа со авион полета за Пекинг, но, некаде на половина пат, над Сибир, се врати на аеродромот во Москва, дознава германски Билд.
Како што наведува медиумот, авионот поминал околу 2.800 километри, пред да се врати на аеродромот.
Не е јасно што точно се случило, додава медиумот, дали Пекинг можеби одбил да го прими Лавров или, пак, Путин му наредил да се врати назад.
„Дали е неизбежна нова руска ескалација на конфликтот? Што значи откажувањето на патувањето за Кина, за војната во Украина и ситуацијата во Кремљ?„ се прашува Билд.
Медиумот потсетува дека според одредени американски извештаи, Москва побарала и финансиска и воена помош од Пекинг, нешто, што двете земји го демантираа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пожар кај Градско, пренасочени ер-тракторите од Китка
Пожар избил денеска на територијата на Општина…
Лефков: Грижата на талогот од СДС и…
Венко Филипче како прв човек на СДС,…
Мицкоски за Филипче: Не би сакал да…
Јас можам за прв пат да се…
Финансиска полиција: Сопственик на фирма осомничен дека…
Управата за финансиска полиција до Основното јавно…
Ал Шара: САД ја отстрани Сирија од…
Сирискиот претседател Ахмед ал-Шара ја поздрави одлуката…