Рускиот амбасадор во Босна: Ако Босна и Херцеговина одлучи да влезе во НАТО ќе има одговор
Босна и Херцеговина има право да одлучи дали ќе влезе или не во НАТО, изјави рускиот амбасадор во Босна и Херцеговина Игор Калбухов, предупредувајќи, сепак, дека Москва го задржува правото да одговори на таквата можност.
„Ако (Босна и Херцеговина) одлучи да биде членка на која било алијанса, тоа е внатрешно прашање. Нашиот одговор е поинаква работа. Примерот на Украина покажува што може да се случи. Доколку има каква било закана, ние ќе одговориме“, изјави Калабухов.
Според Калабухов, Западот претставува закана за безбедноста на Босна и Херцеговина со тврдењето дека Русија „наводно подготвува план“.
„Немаме никакви планови. Ќе одговориме со анализа на стратешката и геополитичката ситуација“, рече амбасадорот. Членството во НАТО не е реалност за БиХ со оглед на моменталниот недостаток на консензус за ова прашање во земјата, додаде тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вероника Консевиќ обезбеди бронза за Македонија во…
Македонија освои уште еден медал на Медитеранските…
Србија набавува офанзивно оружје, тоа треба да…
Европа мора да ја зајакне сопствената безбедност…
Зеленски: Велика Британија и Франција го деблокираа…
Украинскиот Претседателот Володимир Зеленски денес изјави дека…
Елмас официјално претставен во дресот на Аталанта:…
Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас вечерва на…
Утре без струја делови од Скопје, Тетово,…
Поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, утре,…