(Видео) Лавров проговоре против глобализацијата: Американците сакаат да ги претопат сите култури и народи, a тие да бидат топилницата – Европската Унија е дефакто под целосна американска контрола

t

Министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Сергеј Лавров во своето гостување во телевизија РТ истакна дека главната цел на САД и администрацијата на Џо Бајден е да се врати униполарноста во светската геополитика.

Според него главната цел на глобализацијата која ја спроведува САД е да се претопат сите култури и народи во едно по пример на Америка, а токму САД да раководоат со овој процес.

Тој забележа дека Европската Унија особено Германија немаат суверенитет и не одлучуваат за сопствената иднина туку тоа го прави САД наместо нив самите.

-Еден од главните трендови во американската политика е желбата која е потенцирана од адмнистрацијата на Бајден да се врати униполарниот свет. Ако сакате можам да кажам дека се обидуваат концептот за претопување на народи и култури од САД да го спроведат во целиот свет. Мислам дека веќе Европската Унија 99 проценти запре да биде независна. Претседателот Макрон повторува дека стратешката определба за него и Европската Унија е независноста, автономијата и сувереноста и дека ќе се бори за тоа, но мојата претпоставка е дека нема да успее. Германија е веќе целосно спремна да биде под целосна американска контрола и состојбата околу Северен тек 2 е одличен показател за германската политика, Американците ги „убедија“ Германците дека Американците знаат подобро што е во интерес на енергетската политика на ЕУ од самите тие.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кремљ ги дефинираше како неосновани обвинувањата на…

Кремљ ги оквалификува како неосновани американските обвинувања…

Објавена меѓународната рамка за регулирање на вештачката…

Јапонскиот премиер Фумио Кишида денеска ја претстави…

(Видео) Почна операцијата на Универзитетот Калифорнија: Апсења…

Во кампусот на Универзитетот Калифорнија во Лос…

Франција нуди предлози за намалување на тензиите…

Француските власти денеска им презентираа предлози на…