Град Скопје: Aсфалтирани патеките на булеварот Видое Смилевски Бато

t

На вкупна должина од 800м2 вградени се 120 тони асфалтна маса и нивелирани се три канализациони шахти.

Екипи на Јавното претпријатие Улици и патишта – Скопје денес завршуваат со асфалтирањето на велосипедската и пешачка патека на булеварот Видое Смилевски Бато спроти маркетот Жито, во општина Аеродром во насока од булеварот Фебруарски Поход кон булевар Србија.

На вкупна должина од 800м2 вградени се 120 тони асфалтна маса и нивелирани се три канализациони шахти. Во текот на наредните денови ќе биде обележана и хоризонталната сигнализација на патеките и поставена вертикалната сигнализација.

Во средината ќе се уредува зелената површина (средишното зеленило) кое e во надлежност на ЈП Паркови и зеленило Скопје. Во текот на наредниот период на овој потег ќе бидат извршени поврзувања со постоечките патеки.

Со завршувањето на изградбата на патеките се овозможува непречено и безбедно движење на граѓаните во овој дел од градот.

Град Скопје

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украина: Воената состојба и мобилизацијата продолжена за…

Украинската – Врховна рада (парламент) го усвои…

Срдановиќ: „Студентската листа“ ќе биде фактор за…

Суштината на движењето што го започнаа студентите…

Рама повторно повика на дијалог

Премиерот Еди Рама, уште еднаш го повтори…

Дневниот весник на РТВ Војводина започна со…

Дневните вести на Радиотелевизија Војводина во 17…

Британскиот министер за одбрана: Имаме 1.000 дена…

Британскиот министер за одбрана, Вес Стритинг, предупреди…