Повторно расте цената на нафтата на светските берзи
Цената на суровата нафта од утрото поскапе за 6 отсто. Вредноста на барелот на лондонскиот пазар утринава изнесува 109 долари, што е раст од 6 отсто во однос на вчерашниот ден. Од утрово барелот нафта на американскиот пазар се тргува по цена од 106 долари.
Во претходната недела цените на нафтените деривати паѓаа и достигнаа нивоа под 100 долари.
Денеска треба да се менуваат цените на бензините и кај нас. Сепак одлуката Регулаторната комисија ја носи анализирајќи ја цената на нафтата во последните пет дена што значи дека денешното поскапување нема да влијае на таа одлука.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Радев до Сиљановска: Бугарија никогаш нема да…
Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека Бугарија…
Република Српска не го прифаќа британскиот план…
Премиерот на Република Српска, Радован Вишковиќ, изјави…
Нетанјаху не ја исклучува опцијата за атентат…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во интервју за…
„Нано-игла“ илјада пати потенка од човечко влакно…
Истражувачите од Кралскиот колеџ (King's college) во…
Карлсон: Војната со Иран би значела крај…
Познатиот американски политички коментатор и новинар Такер…