Го судат заради навреда кон Заев: Член на Левица му кажал на поранешниот премиер дека ја валка Могилата на непобедените во Прилеп
Во вторникот во прилепскиот Основен суд започна судењето против членот на Левица, Иван Јованоски, кој при одбележувањето на 11 октомври на Могилата на непобедените минатата година, е обвинет за нарушување на јавен ред и мир и за навреда на поранешниот премиер Зоран Заев.
Тој во изјава за „Фокус“ даде свое објаснување, потенцирајќи дека не му е воопшто важно каква ќе биде конечната пресуда.
„Прекршокот го констатираше полициски службеник од Прилеп. Можам да кажам дека многу работи се фалсификувани, почнувајќи од мојата адреса на живеење, број на лична карта, па се до зборови кои ги кажав кон тогашниот премиер. Јас си стојам на зборовите, но некои работи се извадени од контекст“, вели Јованоски.
Наредното рочиште е закажано за 15 мај, кога е повикан и некогашниот претседател на Владата на Македонија, Заев.
„Во мај е повикан Заев за сведок, плус 10 сведоци од моја страна кои беа присутни на Могилата. Сметам дека Заев го извалка тоа место и прашање е дали има лице да се појави. Не можам да разберам со кои зборови го омаловажив некогашниот премиер. Што се однесува до крајна пресуда, таа воопшто не ми е важна, туку важно е како народот ќе ми пресуди“, посочи Јованоски.
Извор: Фокус
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица гласаше против поддршка за онколошки случаи,…
Изгласан новиот ребаланс на буџетот - нов…
Прилеп добива над 9,5 милиони евра за…
Нови улици, водоводна и канализациска мрежа, социјални…
Левица: Три години се крши Законот за…
На денешната прес-конференција, генералниот секретар на Црвена…
Ангелов: Двајца пожарникари биле нападнати вчера во…
Во текот на вчерашниот ден двајца пожарникари…
Прилепчанец е уапсен, дома му нашле билбилчиња…
46-годишен жител на Прилеп доби кривична пријава…
