(Фото) Дебакл на „опозицијата“ на плоштад Делфина – Граѓаните на Влае не паднаа на нивните ефтини трикови

t

Не повеќе од 30 граѓани попладнево излегоа на плоштадот Делфина во Влае да протестираат против измените во Деталниот урбанистички план во општина Карпош, поточно за населбата Влае 2.

Протестот го организирираа претставниците на Левица, партијата на зелените ДОМ во Карпош, а поддршка добија и од неколку независни советници кои се обидоа со измама да добијат поддршка од народот.

Сепак ефтините трикови на советниците од „опозицијата“ во општина Карпош не поминаа па така на денешниот протест имаше повеќе полициски службеници отколку граѓани.

На соопштението на Левица со кое повикаа на протест вчера реагираше и Општина Карпош со свој одговор.

Комисијата за урбанизам, и стручните служби на Општина Карпош се згрозени од енормното количество на лаги искажани во соопштението на советничката група на Левица – Карпош кои без ни малку одговорност и обврска кон граѓаните, наместо да ги информираат, ги дезинформираат дека со деталниот план за Влае 2 биле вцртани објекти на државно земјиште, дека биле зголемени висини, дека наводно било намалено зеленилото, и што уште не, велат од општината.

Од општината потенцираа дека во овој урбанистички план нема ништо спектакуларно ниту било што ново кое е спротивно на интересите на граѓаните или пак нешто што не постоело со претходните урбанистички планови.

– Од друга страна, сведоци сме како се носат луѓе од други месни заедници, па дури и од други општини да пополнуваат анкети листови со цел да се вознемируваат граѓаните од оваа урбана заедница и да се прикажува искривена слика на незадоволство, со што станува појасна политичката позадина зад која се кријат безидејни, некреативни, и политички субјекти кои освен хушкање и популизам не знаат како да работат за подобрување на животот на граѓаните, стоеше во соопштението на општина Карпош.

Очигледно граѓаните не потпаднаа под манипулациите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Српските возови добиваат бизнис класа

За околу година, година и пол, „Србијавоз“…

Мурати: Македонија некогаш беше пример на надеж…

Коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ денеска…

Судот одреди парична казна од 10 илјади…

Судот во Струга го прогласи за виновен…

Вредноста на синдикалната минимална кошница за два…

Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во…

Ова не е Израел, ниту Иран, ова…

Општинската организација на СДСМ во Конче реагира…