Арсовска соопшти среќна вест на Меѓународниот ден на среќата: Во скопската зоолошка се родија три лавчиња – сите ќе можат да учествуваат во давањето имиња

t

Во ЗОО Скопје по повеќе од 20 години се родија три лавчиња – соопшти денеска фрадоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска преку нејзиниот Фејсбук профил.

“Денес е 20ти март – Меѓународниот ден на среќата годишен настан на Обединетите Нации кој ја промовира среќата како универзално човеково право со цел да се намали глобалната нееднаквост и да се заштити планетата за идните генерации.

Токму на овој ден сакаме да споделиме преубава вест од скопската зоолошка градина, каде по повеќе од 20 години се родија три лавчиња. Вработените велат дека ова е една од најубавите работи кои се случиле во Зоолошка градина Скопје и се грижат да се безбедни со сите услови во внатрешното живеалиште, каде лавицата и лавчињата од страна на вработените се под постојан надзор и грижа.

Лавчињата се стари неколку дена, а можност да ги видат посетителите на ЗОО ќе имаат кога тие ќе бидат стабилни и во можност самостојно да се движат низ надворешното живеалиште.

Сите љубители на животни и посетители на ЗОО Скопје, ќе имаат прилика да учествуваат во давањето имиња на трите лавчиња.” – напиша градоначалничката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОБИД ЗА УБИСТВО НА БЕНЗИНСКА ВО СКОПЈЕ!

СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А.(34)…

Тешка кражба во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…

(Видео) ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ЗА СКАНДАЛОТ НА СКОПСКИОТ…

Во вечерашната вонредна епизода на „Тешки муабети“…

(Видео) Андов: Ќе тужам за незаконското разрешување…

Ќе тужам поради незаконското разрешување од позицијата,…

Се намалува цената на парното во Скопје

Од први август скопјани ќе плаќаат пониска…