(Видео) Зошто поскапува електричната енергија во Европа и кои се алтернативите? Ако го затвориме РЕК Битола треба да изградиме уште два како него

t

Во денешната епизода на Тешки муабети заедно со гостинот кој е Македонец,а живее и работи во САД, Зоран Ивановски. Ивановски објасни зошто порасна цената на електричната енергија во Европа и кои се алтернативите.

“Економската ситуација во САД еподолго време сива и затоа има инфлација ама мислам дека тоа не е поврзано со економските санкции кон Русија, туку со претходни политики на Владите да позајмуваат повеќе.

Мојата експертиза е енергијата, електрична енергија и извори на електрична енергија, сум бил во Северна Дакота на ископување на нафта.

Треба да прекинеме со користење на карбон како основен двигател, треба да користиме алтернативни извори. Германија затвори нуклеарни централи, а не обезбеди замена на производството кои тие го даваа. Затоа цената на електричната енергија експлодираше.

На Балканот не снабдуваат бугарските нуклеарни централи, ако го затвориме РЕК Битола од каде ќе го надополниме остатокот од потребите? РЕК беше три блока по 230 мегавати, ни требаат повеќе комбинати. Немаме доволно производство и затоа експлодира цената на електричната енергија.

Во еден момент упаднавме во енергетскиот систем на Европа, мораше да повчеќеме за да нема темница во Македонија и таа струја нормално се плаќа по многу поголема цена.

Во САД цената на електричната енергија е стабилна, се оди кон зелени извори и во моментот има некоја паметна политика. – вели Зоран.

Тесла на пример произведува електрични автомобили ама не доволно, тие не можат да ги задоволат ни годишните потреби на САД, а камо ли да настане целосна замена на автомобилите. За 20-30 години би можело тоа да се случи.

Иднината е во помали нуклеарни централи кои ќе произведуваат енергија со спојување не со раздвојување на Ураниум и Водород.

Постојано се зголемува потребата од електрична енергија на планетата, за 50 години ќе се дуплира. Ние ако го затвараме РЕК треба да обезбедиме замена и да отвориме уште еден. – констатираше Ивановски.

Следете ја емисијата во живо на следниот линк: https://www.facebook.com/watch/live/?ref=notif&v=991405125108300&notif_id=1647806372746287&notif_t=live_video_explicit

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ