(Видео) Путин утре да ја заврши операцијата, ние економски ефекти ќе чувствуваме најмалку 3 години – Ќе имаме долгорочни негативни последици заради поддршката на Украина

t

Во денешната епизода на Тешки муабети, уредниот на Инфомакс, Александар Митовски објасни дека доколку воената операција на Русија во Украина заврши утре, Европа ќе чувствува последици најмалку година деа, додека за Македонија може да трае и 3 години.

“Путин вечерва да прогласи победа, да се заврши операцијата, ефектите од недоскатаок на нафта, гас , земјоделските ѓубрива и производи ние во Европа ќе го чувствуваме најмалку во наредните година, до година и пол. Значи ние најмалку 3 години ќе трпиме последици. Ама има гласачи што сметаат дека со неколку слатки зборови ќе се реши се. Гледам ја поддржуваат Славјанка да му помага на Зеленски, а тоа Руската Федерација нема да го заборави. Утре ние ќе имаме драстично влошени односи за трговија и размена со Русија.

Русија нема да сака јаболка од Ресен или други производи без царини како досега. Ќе завршат јаболката во македонските реки. Мене ми е нејасно како можеше Таче да објави антиктизна мерка која гласи препорака за штедење на електрична енергија и тоа беше пофалено од истите овие поддржувачи на власта.

Мислам дека како што кажавте дефинитивно е дека народот си избира во какви услови се жиеве. Народот почнува борба за сопствениот живот, приход и достоинство. ” – констатираше Александар Митовски.

Следете ја емисијата во живо на следниот линк: https://www.facebook.com/watch/live/?ref=notif&v=991405125108300&notif_id=1647806372746287&notif_t=live_video_explicit

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ