Кривична за скопјанец: Во село Љубин имал цел арсенал оружје

t

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против 30-годишно лице од скопското село Љубин за кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Како што соопшти Јавното обвинителство, осомничениот, во неговата викенд куќа во селото Јаболце, држел експлозивна материја која на граѓаните им е забранета – една рачна бомба од непозната марка и модел. Освен ова, кај него биле пронајдени и делови од огнени оружја – рамки за автоматски и полуавтоматски пушки, како и седум испукани чаури низ дворот на оградената викендица.

Бидејќи постои опасност осомничениот да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Можно ли е да пукне на…

Лидерот на Беса и дел од албанската…

Османи: Дали да нацртам? Нема влада без…

Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства…

Твојата бескрајна љубов кон Тоше беше една…

Познатата актерка Весна Петрушевска со емотивна фејсбук…

Несреќа на Галичник, тешко повредена девојка по…

Вчера во 15.00 часот во СВР Тетово…

(Вознемиувачко видео) Еве како изгледа фронтот после…

Снимена грозоморна сцена по борбата тело в…