Ин Мемориам: Почина Ристо Стефановски

t

Ристо Стефановски, долгогодишен директор на Драмски театар Скопје (1957-1983) почина денеска (вторник, 22 март 2022 гоина), соопшти Националната установа Драмски театар Скопје.

Ристо Стефановски е роден на 5 декември 1928 година во Скопје. Се образувал на Државната театарска школа во родниот град, а потоа студирал глума на Театарската академија во Белград. Во периодот од 1951 до 1960 година работел како глумец во Народниот театар во Скопје, а од 1957 до 1983 година раководел со Куклениот театар кој подоцна прераснал во Драмски театар. Во меѓуврее ги завршил студиите на Факултетот за драмски уметности во Белград, на отсекот за организација. Од 1983 до пензионирањето во 1988 година бил извршен директор на Македонскиот народен театар.[1]

Тој бил дел од жирито на фестивалите Стериино позорје во Нови Сад (1988/89) и на Мали и експериментални сцени во Сараево (МЕСС, 1990). Освен тоа, бил претседател и на Меѓународниот театарски институт во Македонија (1994-1996) и на Советот на МТФ „Војдан Чернодрински“ (1995/96).

Напишал повеќе книги и текстови за театарската уметност. Автор е на книгите: „Театарот во Македонија“ (1976), „Театарот во Македонија од античкиот период до 1944 година“ (1990), „Од Хераклеја до народен театар во Битола“ (1994), „Театарот во Македонија – од партизанскиот до Младинско-детскиот“ (1998); историографските дела „Театарот во Македонија (1963-1967)“ (2006) и „Подемот на театарот (1968-1971)“ (2006); а се јавува и како соавтор на бројни трудови од областа на теаатарската дејност, вклучително „30 години Драмски театар“ и „Летопис на МНТ 1945-1995“.[2]

Добитник е на бројни награди и признанија, вклучувајќи ги наградата „13 Ноември“, наградата „11 Октомври“, Стериината награда за животно дело, наградата „Војдан Чернодрински“ за животно дело и наградата „Св. Климент Охридски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ФСБ: Ликвидиран украински воен разузнавач, планирани терористички…

Руските безбедносни сили ликвидирале украински воен разузнавач,…

Подољак: Да се усвои единствена одлука за…

Советникот на украинскиот претседател Михаил Подољак денеска…

Пентагон: Руските трупи влегоа во американска база…

Функционер на Пентагон потврди дека руските воени…

Остин: Нема индиции дека Хамас планира напад…

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин изјави…

УРИМЕ! ВЛЕН бара албанските химна, грб и…

Коалицијата ВЛЕН во својата програма за парламентарните…