Објавено на:

Толку од сплотеноста во ЕУ – Германскиот канцелар пресече: Нема да ја бојкотираме руската енергија

t

Шолц: Германија нема да ја бојкотира руската енергија!

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска уште еднаш ги отфрли повиците Германија да ги бојкотира руските енергетски извори поради рускиот напад врз Украина.

Шолц денеска изјави дека веќе се воведени санкции кон Русија и дека тие се одразуваат на економијата на таа земја и дека сето тоа „само секој ден ќе биде подраматично“.

Во исто време, санкциите се дизајнирани да бидат „подносливи“ за оние кои ги воведуваат, вклучително и на долг рок, додаде тој.

„Затоа ставот на Германија останува непроменет за енергетското прашање“, рече Шолц.

Канцеларот изјави дека другите земји во Европа се уште повеќе зависни од руската нафта, јаглен и гас отколку Германија и дека „никој не треба да биде изоставен кога станува збор за ова прашање“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Германија го зголеми извозот во март

Германскиот извоз се зголеми во март во…

Американската амбасадорка привремено ја напушти Русија!

Амбасадорката на САД во Русија Лин Трејси…

Путин: Не одбиваме дијалог со Западот, изборот…

Рускиот претседател Владимир Путин денеска беше свечено…

Италијанскиот министер за одбрана: Разговарајте со Путин!

Италијанскиот министер за одбрана Гидо Кросето денеска…

Руската разузнавачка служба: САД му бараат замена…

Соединетите Американски Држави ги интензивираа напорите да…