(Видео) Скандалозна изјава на Алберт Муслиу: Иселувањето на младите од државата е позитивно, ќе се зголеми вредноста на работната сила
„Заминувањето на младите предизвикува недостиг на работна сила, но тоа позитивно ќе се одрази на вработените, бидејќи цената на трудот ќе почне да расте, што може да биде мотив плус за некои да почнат да се враќаат“.
Ова во „10 минути“ на ТВ21 го изјави аналитичарот Алберт Муслиу.
Тој вели дека преселувањето ќе има позитивен ефект, ќе ја зголеми вредноста на работата.
Како за пример ја зема Албанија, бидејќи според него, со зголемувањето на миграцијата се зголемила и вредноста на работната сила.
Според него, тоа предизвикало многу Албанци кои заминале во Грција да се вратат во Албанија.
„Мислам дека Албанија помина низ ова“, додаде Муслиу.
Погледнете го видеото на следниот линк: https://www.facebook.com/watch/live/?ref=watch_permalink&v=3288992718054130
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Јаневска: Економијата добро се движи, верувам дека…
Минатата година недостасуваа 17 илјади ученици и…
Од кумановските основни и средни училишта во…
Во првото полугодие од учебната година, 174…
Страшни прогнози на „Фридрих Еберт“: Околу 42…
Од сите земји на Југоисточна Европа, најмногу…
Егзодус и во Албанија, луѓето масовно ја…
Албанија продолжува да се соочува со масовен…
Каде одиш Македонијо? Годинава има 500 првачиња…
Во новата учебна година се запишале 500…