Бектеши: Партиите шират паника има доволно храна и гориво

t

Одредени политички партии и центри се занимаваат со лажни вести, само за да креираат паника и на таков начин, индиректно, вештачки, да влијаат на зголемување на кризата, рече вечерва министерот за економија Крешник Бектеши.

Во гостување на дебата на Телевизија 24, Бектеши уште еднаш истакна дека нема простор, ниту потреба од паника кај граѓаните зашто храна и нафтени деривати има.

Контролите во маркетите ќе продолжат, најави Бектеши, додавајќи дека секој граѓанин на телефонскиот број 191 во секое време може да пријави недоследности и непочитувања на владините мерки.

Според него, земјава најдобро се справи со енергетската криза.

– Залихи на граѓаните не им се потребни. Имаме доволно прехранбени производи и нафтени деривати и тоа го кажуваме речиси секојдневно. Контролите на УЈП и Инспекторатот ќе продолжат. Доставивме барање до надлежните институции да постапуваат согласно законите за потрошувачите да бидат заштитени – напомена министерот.

Извршниот директор на Стопанската комора на северозападна Македонија, Дрилон Исени рече дека бизнисите моментно се во незавидна состојба.

– Владините мерки го адресираат, пред сѐ, социјалниот елемент зашто со нив главно се поддржуваат ранливите категории граѓани. Бизнисите се во незавидна состојба. Цените растат, не е секоја фирма подготвена да работи со загуба. Има реален ризик некои компании да се откажат од одредени производи. Таму каде што маржата е ептен ниска, некои фирми користат кредит за да ги подмират побарувањата кон трети лица, па дури и за плати – укажа Исени.

Според Ивица Јакимовски од Градежната комора, за 30 до 130 отсто се поскапени градежните материјали.

– Тоа влијае на реализација на проектите во ниско и високоградбата. Становите и воопшто, недвижностите се поскапени за 15 до 20 отсто што е далеку од поскапувањата на материјалите, а причината за тоа е должината на реализација на проектот. Значи, ова засега се најниските поскапувања на становите – рече Јакимовски, додавајќи дека во време на криза пресудно е реализирањето на проекти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НАЈСТРОГ ПОСТ: На Велики петок не треба…

Велики петок се празнува со свети литургии…

Какво ќе биде времето викендов?

Денес, особено во источните делови на повеќе…

Кина лансира сонда која ќе собира примероци…

Кина ќе ја лансира лунарната сонда Чанге-6…

Вучиќ: По гласањето за Резолуцијата за Сребреница…

Генералното собрание на ОН најверојатно ќе гласа…

Битиќи: Бидете патриоти, изберете европска иднина на…

„На 8-ми мај излезете на гласачките места…