Добри вести: Пронајдено исчезнато деветгодишно дете во Радовишко

t

Во атарот на радовишкото село Покрајчево денеска околу 10:30 часот полицијата го пронашла исчезнатиот деветгодишен малолетник од село Јаргулица, кого неговиот татко Љ.И. (44) синоќа го пријавил дека се оддалечил од дома.

Како што информираа од СВР Струмица, веднаш по пријавувањето полициски службеници од Полициската станица Радовиш, екипа од Територијалната противпожарна единица и граѓани започнале пребарување на теренот и денеска малолетникот бил пронајден во добра здравствена состојба.

Според портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, причините за оддалечувањето на детето од домот дополнително ќе се утврдуваат откако со него и неговите родители ќе биде извршен разговор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ИНЦИДЕНТ ВО СКОПЈЕ: Каменуван автобусот на ,,Чкембарите’’…

Инцидентот се случил по 22:00 часот, веднаш…

Повеќе од 1.500 луѓе се евакуирани од…

Повеќе од 1.500 луѓе се евакуирани од…

Поранешниот помошник директор на полицијата за случајот…

Речиси цел месец стотици полицајци, жандарми и…

Стапи во сила законот за мобилизација во…

Во Украина стапи во сила оспоруваниот закон…

„Ѓоковиќ е фаворит за освојување на Ролан…

Ролан Гарос е се поблиску до нас,…