КСС најави генерален штрајк на јавниот сектор ако нема зголемување на нивните плати

t

Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) на 30 март ќе излезе на протест пред Собранието, за да изрази незадоволство што досега не е направено усогласување на останатите плати со минималната плата во јавниот сектор.

– Дел од гранските синдикати и КСС донесоа одлука да излеземе првично на улица на 30 март во 15:30 часот пред Собранието и да го искажеме нашето незадоволство затоа што уште во ноември минатата година испративме допис до сите пратеници барајќи усогласување на платите согласно минималната плата која во тој момент беше 15.200 денари, изјави денеска претседателот на КСС, Благоја Ралповски.

Од КСС бараат да се покачи бодот за да може да се задржи распонот на разликата меѓу платите на останатите вработени. Доколку Владата не ги исполни нивните барања, најавуваат генерален штрајк.

– Ова е предупредувачки штрајк што одлучивме да го направиме како една поблага мерка. Се разгледуваат најразлични чекори за понатамошна радикализација за стапување во генерален штрајк, има најразлични предлози од нашето членство. Пуштени се анкети во кој облик сакаат да го изразат своето незадоволство. Како ќе одлучи членството, така ќе биде, рече Ралповски.

Тој соопшти дека барале состанок со владини претставници, пред сѐ со премиерот Димитар Ковачевски, но оти досега не се сретнале со никого. Денеска биле поканети да присуствуваат на Економско-социјалниот совет.

Законот за административни службеници, според Ралповски, е „една голема манипулација“.

– Се обидуваа да го покачат само бодот на оние со најниска категорија на звања, тоа е Г категорија за да можат сите да земаат од Г1 до Г4 минимална плата заедно со помош на техничкиот персонал, а она што се шират шпекулации во јавноста за нов закон за административни службеници тој никако не може да биде донесен сега затоа што има процедура. Тој закон е донесен со европски препораки и мора да оди на јавна расправа во Брисел, на Економско-социјален совет па потоа да се менува законот за административни службеници, рече Ралповски на денешната прес-конференција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тасевски: Контрола на летање ќе штрајкува на…

Синдикатот на Контрола на летање М-НАВ денеска…

Обвинителствата: Услови како да се вработуваат во…

Несериозниот пристап кон проблемот со платите на…

Контролорите на летање ќе штрајкуваат поради партиски…

Контролорите на летање ќе штрајкуваат поради партиски…

Премногу работеле? Вработените во обвинителствата на штрајк

Вработените во обвинителствата бараат повисоки плати и…

Работниците во автомобилската индустрија на САД заедно…

Работниците во автомобилската индустрија на САД на…