(Видео) Доколку се случи војна меѓу Русија и Европа САД ќе си седат на страна: Ќе се произведат нови опасни оружја
Во денешната епизода на Тешки мубети се коментираше ситуацијата во Украина и можноста за вклучување на други земји во војната.
-Доколку Полска влезе во војната, или се случи некоја посериозна војна меѓу Русија и Европа, САД ќе останат настрана од тоа. Има три причини авангард, цирконот и посејдонот.
Можно е да се употреби нуклеарно оружје, авангардот е опасен по носачите на авиони и да ги ослаби драстично нивните армии.
Русија јасно им стави до знаење дека ако влезат во војната ќе бидат гаѓани.
Вакво хиперсонично оружје има во сериско производство само во Русија, во САД има нула, во Кина има прототип. Се развиваат нови, модерни современи оружја кои се многу опасни по човештвото.
Мислам дека најдобро е да се запре војната, Украина да стане неутрална држава, сите и Русија и САД и Европа да се запре ова.- објасни Јакимовски.
Следете ја емисијата во живо на следниот линк: https://www.facebook.com/informax.macedonia/videos/1640581009624885/?notif_id=1648066916688788¬if_t=page_video_broadcast_crossposted_to_page&ref=notif