Ковачевски нема да бара компензација од ЕУ за штетите што ги трпиме поради тоа што се придруживме кон руските санкции

t

Премиерот Ковачевски вели дека нема да инсистира да добиеме компензации поради тоа што се придруживме на руските санкции на ЕУ. Тој во интервју за МИА вели дека во време на криза не пристојно да се бараат компезации

– Кога се работи за светска криза не можеме да збориме за компензации една земја или асоцијација на земји како ЕУ да компензира други земји бидејќи да бидеме искрени сите се изложени на светската криза.

Ама бара да се усогласиме со нивните санкции, е прашањето на МИА

– Ако ги погледнеме цените на енергенсите и тука во Брисел кај што се наоѓаме, тие се многу повеќе покачени отколку во Македонија, цените на храната исто така се покачени. Во однос на помошта и нашата економска соработка, ние не можеме да кажеме дека немаме помош од ЕУ. Ние сме корисници веќе на трет пакет на ИПА фондови коишто се со милионски износи во евра и со коишто се поддржуваат инфраструктурни проекти. Второ во најголемата ковид криза ни беше достапна макрофинансиска помош од ЕУ во износ од 120 милиони евра којашто ни помогна во тоа време и ни се на располагање кредитни линии како од Европската Банка за Развој, Европската Инвестициска Банка, Европската Централна Банка за справување со економските предизвици. Така што ние не можеме да кажеме дека немаме економски бенефити од нашиот договор за стабилизација и асоцијација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Внукот на Тоше, Кристијан преку фото-галерија му…

Внукот на Тоше Проески, Кристијан кој уште…

Британија и Украина започнаа преговори за „стогодишно…

Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон, кој…

Во ЕУ 7,1 отсто од вработените работат…

Во Европската унија во 2023 година, 7,1…

Бајден ќе воведе санкции и визни забрани…

Американскиот претседател Џозеф Бајден има намера наскоро…

Ахмети: Касами нека го фрли белиот пешкир…

Носителот на листата во шестата изборна единица…