(Видео) Спасовски: Горд сум што првпат во 2017 именувавме Албанка за командир на ПС

t

Горд сум што за првпат во 2017 година именуваме командирка на полициска станица, жена и тоа не било каде, туку во Општина Теарце, Албанка која стана прва Командирка на ПС и отвори можност и перспектива, објави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

– Најголемиот граничен премин во државата, Богородица, го раководи жена, началник на Одделение за внатрешни работи во Кавадарци е жена, началник во Крим полиција во Прилеп е жена, командирка на ПС Кисела Вода е жена и низа други оперативни позииции коишто ги имаме, објави Спасовски на Фејсбук.

Тој денеска говореше на форумот за родова рамноправност во Република Македонија.

– Актуелното раководство на Министерството за внатрешни работи во изминативе неколку години докажа дека волјата за постигнување на родова еднаквост во МВР не е предмет на дискусија, истакна денеска Спасовски на Интернационалниот Биатлон форум – Скопје 2022, кој оваа година се одржа под работен наслов „Родовата еднаквост на жената во спортот – можности и предизвици“.

Убава вест се потезите за родова еднаквост, а уште подобри ќе бидат министерот да соопшти и резултати, односно ефектите од тие поставувања. На пример, дека по поставувањето на жени на тие раководни места има показатели кои говорат за подобри резултати за борбата против криминалот и корупцијата.

Погледнете го видеото на следниот линк: https://www.facebook.com/watch/?v=1586457128406131&t=1

Извор: Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Оливер Спасовски ќе биде координатор на опозициската…

Оливер Спасовски ќе биде координатор на опозициската…

По изјавата на Агелер за случајот со…

Додека МВР притвора другите ги ослободуваат –…

Докази за двете страшни убиства се записи…

Министерот за внатрешни работи во денешното „Само…

Спасовски: Отворивме сериозна битка со криминалните структури

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели…

Спасовски со пораки на Комитетот на министри…

Mинистерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во…