Објавено на:

Не сум предавник, не го изневерив мојот народ! Суспендираниот шахист не жали за поддршката на Путин

t

Суспендираниот велемајстор не жали за поддршката за Путин: „Не го изневерив мојот народ!

Сергеј Карјакин, рускиот велемајстор изјави дека не жали што ја поддржал руската воена операција во Украина, поради што е суспендиран од Светската шаховска федерација.

„Не се плашам од ништо“, изјави Карјакин за новинарите, одговарајќи на прашање за санкции против спортисти кои учествуваат во политички настани.

„Немојте да мислите дека јас не предвидував таков развој на настаните. Уште во 2014 година, кога го поддржав признавањето на Крим, западните организатори не ме поканија на ниту еден натпревар (поради надворешен притисок). И тогаш самите ми го признаа тоа. Јас го кажав мојот став. И јас се чувствувам многу добро што го кажав тоа, не го изневерив народот. И да се вратам на таа ситуација од почеток, би го направил истото“, изјави рускиот велемајстор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најчевска: Мицко нè турна кон Путин

Мицко нè турна кон Путин, искоментира на…

„ФАЈНЕНШЛ ТАЈМС“: Москва има план за напад…

Москва има детален план за напад на…

Путин најави одговор за влезот на Финска…

Хелсинки немаше „неволји“ со Москва со години,…

Трамп: Бајден со политичкиот прогон врз мене…

Рускиот претседател претходно изјави дека обвинението за…