Објавено на:

Украинска пратеничка го “подбра” Бајден: Бомбите експлодираат во Киев не во Варшава – Не оставивте да се бориме сами!

t

Украинската пратеничка Ина Совсун упати остри критики кон обраќањето на американскиот претседател Џо Бајден во Полска.

Таа го критикуваше Бајден, велејќи дека САД не направиле доволно за да и помогнат на Украина, која е под руска инвазија повеќе од еден месец.

“Ќе бидам сурово искрена.

Не слушнав ниту еден збор од претседателот на САД што би ме убедила како Украинка дека Западот ќе ни помогне повеќе отколку што направи досега (што не е доволно).“ Среќна сум што ја увери Полска, но бомбите експлодираат во Киев и Харков, а не во Варшава.

Совсун остро проговори и на својот Фејсбук профил каде меѓу другото напиша:

“Многу е лесно да се настапува во Варшава и да се храбрат луѓето да не се плашат. Додека нашите момчиња и девојки се борат за цел свет, ракети од Москва ни летаат над нашите куќи, а половина од нашите деца се принудени да одат во странство. А ние продолжуваме да се бориме. На секоја педа од нашата земја. За истите вредности за кои Бајден толку убаво зборуваше. И ќе продолжиме да се бориме – не се сомневам. Дури после говорот сфаќам дека ќе продолжиме да се бориме сами “, напиша таа и ги повика да пружат помош за „конкретни акции“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин да се фокусира на мирот во…

Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани…

„Мајката на сите бомби“ подготвена за Иран:…

Ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и Иран…

САД се подготвуваат да копаат литиум во…

Украинските власти ги презедоа првите чекори за…

Украина и Австрија ќе ја зајакнат соработката…

Министрите за надворешни работи на Украина и…

Карлсон: Војната со Иран би значела крај…

Познатиот американски политички коментатор и новинар Такер…