Луганск планира референдум за приклучување кон Руската Федерација?
Проруската самопрогласена „Народна Република Луганск” во источна Украина наскоро би можела да одржи референдум за приклучување кон Русија, изјави лидерот на сепаратистите во Луганск, Леонид Пашечник во изјава за руската агенција РИА, пренесува Би-Би-Си..
– Мислам дека во блиска иднина ќе се одржи референдум на територијата на републиката, рече Пашечник и додаде: „Народот ќе го искористи своето најголемо уставно право и ќе го каже своето мислење за приклучување кон Руската Федерација”.
„Народна Република Луганск” е самопрогласена парадржава во источна Украина, управувана од проруски сепаратисти. Рускиот претседател Владимир Путин ги призна самопрогласените „републики” Луганск и Доњецк како независни држави во пресрет на инвазијата на Украина, иако станува збор за украински територии.
Луганск е најголемиот и главен град на истоимениот регион. Во самопрогласената република живеат околу 1,5 милиони луѓе.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…
Трамп ги замрзна санкциите кон Русија
Претседателот на САД, Доналд Трамп, го стопираше…
Украина нападна руска радарска станица вредна околу…
Украинските одбранбени сили синоќа нападнаа руска радарска…
Руските власти го уапсија главниот уредник на…
Уредникот на рускиот независен медиум „Новаја Газета“,…
Руте разговарал со Зеленски за важноста од…
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…