Шефот на украинската разузнавачка служба: Путин сака да направи Северна и Јужна Кореја од Украина
Русија се обидува да ја подели Украина на два дела за да создаде регион под контрола на Москва откако не успеа да ја окупира целата земја, рече шефот на украинската разузнавачка служба Кирило Буданов.
– Тие се обидуваат да создадат Северна и Јужна Кореја во Украина, рече Буданов.
Тој додаде дека Украина наскоро ќе започне герилски акции на територијата под руска окупација, пренесува Би-Би-Си.
Руската војска во петокот соопшти дека отсега ќе се фокусира на „ослободување” на источна Украина, велејќи дека ги исполнила првичните цели на „воената операција” во Украина.
– Борбените способности на украинските сили се значително намалени, што ни овозможува да се фокусираме најмногу на главната цел: ослободување на Донбас, изјави во петокот заменикот-началник на Генералштабот на руската војска Сергеј Рудској.
Тој рече дека 93 отсто од територијата на регионот Луганск и 54 отсто од територијата на регионот Доњецк се под руска контрола.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин: Почнува сериското производство на ракетниот систем…
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека…
Зеленски на ручек со кралот Чарлс Трети
Претседателот Зеленски се сретна со кралот Чарлс…
Захарова: Русија е подготвена да го реши…
Разговорите меѓу Русија и Украина се движат…
Трамп изјави дека гледа „мал напредок“ во…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека гледа…
Путин откри што бара од Украина
Русија не бара капитулација на Украина, туку…