Челси ќе нов сопственик следниот месец
Европскиот и светски клупски шампион Челси минува низ тежок период затоа што рускиот милијадер Роман Абрамович мора да го продаде клубот, откако најпрво му беше „замрзнат“ имотот во Велика Британија.
Конечните понуди за потенцијалните купувачи може да се достават до 11 април, кога банката „Рајн Банк“ задолжена за продажбата на клубот ќе почне анализа и ќе одлучи кој ќе биде нов сопственик на тимот.
Англиските медиуми пишуваат дека во конкуренција се четири кандидати, а банката порача дека новиот газда ќе мора да вложи најмалку милијарда фунти во клубот, што подразбира средства за стадонот, фудбалери и развој на екипата.
Банката ќе поднесе барање до Владата на Велика Британија за посебна дозвола за одобрување на Челси и новиот сопственик треба да стигне во Лондон до крајот на април.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Абрамович сподели официјално соопштение до јавноста: Дел…
Сопственикот во заминување на Челси, Роман Абрамович…
Челси ќе нов сопственик следниот месец
Европскиот и светски клупски шампион Челси минува…